(ФОТО) Прва мобилна апликација за посетителите на Шар Планина
Објавено во: Мои пари 11 Март, 2015 15:42
Планинарството е најздравата физичка активност во природа, а се повеќе млади луѓе се вљубуваат во активностите и спортски дисциплини што им ги нудат високите врвови, како алпинизам, спелеологија, ориентационо трчање, спортско качување, параглајдинг, скијање, ридски велосипедизам...
На сите овие активности заедничка им е планината. Освен релаксација од психичките напори на работното место, планината нуди и величенствен мир од градските бучави и брзото темпо на живот.
Тетовчани ја препознале оваа вредност и уште во 1925 година го основале Планинарскиот Клуб „Љуботен“ кој денес слави 90 години од постоењето.
По тој повод П.К. „Љуботен“организира промоција на мобилната апликацијата „EXPLORING SHAR MOUNTAIN“. Се работи за прва мобилната апликацијата од ваков тип во Македонија, креирана за потребите на планинарите, рекреативците и туристите што ја посетуваат Шар Планина. Бесплатната мобилна апликација ќе им овозможи дауживаат во Шар Планина на најдобар можен начин, со квалитетни информации, мапa на која што се исцртани планинарските патеки, најзначајните точки, врвовите, езерата, планинарски домови и местата за кампување.
Деталите во врска со апликацијата што ја изработи Планинарскиот Клуб „Љуботен“ и Македонското Еколошко Друштво од Скопје ќе бидат презентирани на промоцијата на 12 Март во 12.00 часот во Порта Македонија во Скопје.
Љубителите на Шар Планина можат да уживаат во нејзиното интересно климатско обележје, богатата флора и фауна, шумските богатства и води, а масивот се протега во правец североисток - запад - југозапад во должина од 76 км. Започнува од реката Лепенец и Качаничката Клисура на североисток, на исток границата е определена со Полошката котлина, на југозапад Штировичката Река и изворите на Радика, на југ изворот на реката Вардар - Вруток, а на запад - надвор од територијата на Македонија со Сириничката Жупа.
Мобилната апликацијата „EXPLORING SHAR MOUNTAIN“ ќе има огромен придонес за развивање на постоечките видови на туризам, како и за развивање на нови планинските спортови на Шар Планина.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив







