Добивај вести на Viber
Утринава околу 9.45 ч е пријавен пожар на плоштадот Македонија во главниот град.
Како што може да се забележи на фотографиите од социјалните мрежи густиот дим се гледа и од поодалечните места.
Според информациите на медиумите пожарот избувнал во зградата на ЕВН и ЕЛЕМ, а пожарот го зафатил и градежното скеле кое е поставено за правење на новата фасада на зградата, како и дел од самата фасада.
За сега не се познати причините за пожарот, а голем број пожарникари и полицајци се на самото место.
Нема информации ниту за повредени лица.
(ФОТО: Фејсбук)