(ФОТО) Сопругата го натерала да уплати БИНГО БУМ – добил Пежо 208!
Објавено во: Мои пари 09 Мај, 2014 18:56
Игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија се приредуваат со цел да се овозможи на граѓаните на брз и забавен начин со мали влогови да дојдат до парични добивки или посакуваниот автомобил.
Покрај редовните играчи, голем број граѓани не веруваат дека токму ним би им се насмевнала среќата и не пробуваат да учествуваат. Токму Златко е еден од нив, кој на инсистирање на сопругата, уплатил Бинго Бум картичка, прв пат во неговиот живот. Се одлучил за дури две картички, а една од нив е среќната која го донесе до Бинго Бум добивката.
Златко не е првиот кој со своето прво учество во игра на среќа постигнал добивка и од сега верува во својата среќа и верува дека доколку се учествува може и да се добие.
На веб страната на Државна лотарија на Македонија ( www.loto.mk )на фотографиите од доделувањата на главни добивки, може да се видат над 100 насмеани лица кои за влог од 30 до 100 денари добиле автомобил скутер или парична добивка.
Само за потсетување, семејната игра на среќа Бинго Бум се емитува секој понеделник на МРТ од 20:30 во емисијата Време за среќа во која за само 30 минути на играчите и гледачите им се нудат извлекувања на две игри на среќа БИНГО БУМ и ЛОТО5 како и забава со групата Биоритам и водителите Марјана Станојковска, Виктор Петров - Викса и Маја Ристеска.
Тимот на Државна лотарија на Македонија задоволен што по неполни шест години работење, во четирите години од приредувањето игри на среќа, се покажа дека успешно ја реализира својата мисија, лансирањето на игрите на среќа кои носат задоволство, забава но и многу добивки.
Првата игра на среќа беше лансирана токму пред 4 година, на 23ти април. Во 2010 на 23ти април беа пласирани првите инстант лозови и играта на среќа НовоЛото 7/34. Во чест на обележување на четири години од пласирањето на првите игри на среќа на Државна лотарија на Македонија организира караван со промоции во 15 градови низ Македонија. На промоциите граѓаните ќе можат да се дружат со водителите на игрите на среќа Марјана, Викса и Маја, да се забавуваат, да учествуваат во игрите на среќа и добиваат подароци од Државна лотарија на Македонија и во специјалните кутии наменети за наградната игра да ги оставаат своите коверти со фискални сметки.
Можеби ќе ве интересира
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА




