16 Декември, 2025
0.0536

(ФОТО) Заминувањето на најсиромашниот претседател на светот!

Објавено во: Мои пари 02 Март, 2015 23:05

Добивај вести на Viber

Претседателот на Уругвај Хосе Мухика, познат по скромниот начин на живот и борба против потрошувачкото општество и социјалната неправда, официјално ја предава должноста на својот наследник исто така, левичар Табареу  Васкез.

И покрај големата популарност, Хосе Мухика (79) според уставот не можел да се кандидира за друг претседателски мандат.

Без разлика на политичката припадност, не е можно а да не бидете фасцинирани од Хосе „Пепе“ Мохија, кој уште го нарекуваат и сиромашен претседател , пишува  дописник на Би-Би-Си од Монтевидео.

Muhika 1

Иако има идеалистички, вредни и чесни политичари ширум светот, ниту еден од них не бил ниту близу до заминувачкиот уругвајски претседател кога се работи за тоа дали живее по своите принципи.

Toa, како вели, не е само за претстава. Старата „фолксваген буба“ на Мухика веројатно е едно од најзачуваните возила на светот, иако неговата одлука да не живее во лукусузната претседателска палата не е единствена и веројатно и неговиот наследник Табаре Васкез исто така ќе одлучи да живее во својот дом.

Меѓутоа, кога ќе го посетите „Пепе“ во неговиот минијатурен дом во предградието на Монтевидео, ќе сфатите дека тој се држи до неговите зборови.

Во интервју за Би-Би-Си, Мухика е изненаден од тоа што луѓето се чудат на неговиот скромен начин на живот.

„Јас само живеам како повеќемината од мојот народ, не како малцинство. Живеам нормален живот, и италијанските, шпанските лидери треба исто така да живеат како народ, не треба да тежнеат кон копирање на богатите“, рекол Мухика, поранешниот левичарски герилец кој поминал повеќе од година дена во затвор во текот на десничарскиот режим во 1970 и 1980-тите години.

Мухика во својот мандат спроведе бројни важни социјално-економски закони како што се легализација на истополови бракови, легализација на марухуаната и право на абортус.

Muhika 2

Хосе Мухика го напушта претседателското место со поволен рејтинг од 65 одсто, што го прави еден од најпопуларните претседатели во светот.

На хуманитарен план неговата влада почнала да ги прима сириските бегалци од граѓанската војна, како прва латиноамеричка држава која го сторила тоа.

Мухика ја остава државата со релативно здрава економија и социјална стабилност за која можат само да сонуваат неговите поголеми соседи, како што се Бразил и Аргентина.

Хосе Мухика и Табаре Васкез припаѓаат на генерацијата левичарски лидери кои владееле во многу земји во регионот.

Левичарот Табаре Васкез (74), кој ќе го замени Мухика, бил негов предходник.

Ја обавувал функцијата претседател на Уругвај од 2005 до 2010 година, како прв левичар на чело на таа држава.

Васкез бил убедлив победник на претседателските избори во ноември со 56,6 одсто од гласовите. Тој е првиот човек кој во Уругвај успеал да освои два претседателски мандата.

Мухика, ќе го завземе местото во Сенатот, истакнал дека со заминувањето од должноста претседател не значи дека ќе се однесува како пензионер.

„Немам намера да бидам стар пензионер, да седам во ќош и пишувам мемоари, нема шанси“ изјавил тој за новинарот на Би-Би-Си, кој додава дека овој фасцинантен лидер останува инспирација на многу како и подсетник на тоа дека водењето на политиката треба да биде скромна и чесна професија.

Можеби ќе ве интересира

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА