21 Септември, 2024
0.0375

(ФОТО+ВИДЕО) Eве каде „удри“ Офелија и што направи

Објавено во: Свет 17 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Бурата Офелија денеска ги зафати Шкотска и Северна Англија, при што силен ветер уриваше дрвја, далноводи и направи метеж во сообраќајот.

Британската метеоролошка служба најави обилни врнежи и ветер со брзина до 113 километри на час во Шкотска, но се очекува до крајот на денот ветерот да ослабне.

Во 13 места во Британија се очекуваат поплави. Училиштата и продавниците се затворени. 135 летови се откажани, а 360.000 луѓе се без струја. 

Во некои јужни делови на Норвешка, локалните власти алармираа утрово за мирис на чад, што според локалниот метеоролошки институт, Офелија го пренела дури од Португалија и Шпанија, каде шумските пожари  деновиве однесоа 41 жртви.

Властите во Шведска објавија дека во Стокхолм и други шведски градови, локалните жители кажале дека небото утринава било помрачно од вообичаено.


Тоа веројатно се должи на силните ветрови  кои носат мешавина од црвен сахарски песок и ситни честички од прашина од пожарите на Пиринејскиот Полустров.

Претставничката на Светската меторолошка организација, Клер Нулис, наведе дека овогодишната сезона на атлантските урагани е крајно невообичаена. 

Нулис вели дека невообичаените високи температури во многу региони на Европа исто така се должат на Офелија. Ова е прв ураган кој по 1961 година ја погодува Европа. 


Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН БОРИС: Евакуација во Италија, се трага по исчезнати

ЦИКЛОН БОРИС: Евакуација во Италија, се трага по исчезнати

НУДАТ ПАРИ ЗА ДОСЕЛУВАЊЕ: Мало место во Лапонија бара нови жители

НУДАТ ПАРИ ЗА ДОСЕЛУВАЊЕ: Мало место во Лапонија бара нови жители

СИКОРСКИ ДАДЕ ПРЕДЛОГ ЗА СТАТУСОТ НА КРИМ: Се налутија и Русите и Украинците

СИКОРСКИ ДАДЕ ПРЕДЛОГ ЗА СТАТУСОТ НА КРИМ: Се налутија и Русите и Украинците

ГРАДОТ ЌЕ УПОТРЕБИ МИЛИОН ВРЕЌИ: Будимпешта утре очекува поплави

ГРАДОТ ЌЕ УПОТРЕБИ МИЛИОН ВРЕЌИ: Будимпешта утре очекува поплави

УКРАИНСКАТА АРМИЈА ЗАПЛЕНИЛА ДОКУМЕНТИ: Русите знаеле дека Украинците ќе упаднат во Курск?

УКРАИНСКАТА АРМИЈА ЗАПЛЕНИЛА ДОКУМЕНТИ: Русите знаеле дека Украинците ќе упаднат во Курск?

ХОРОР ВО РОТЕРДАМ - Едно лице загина, осомничениот извикал „Алаху Акбар“, поразен од спортски инструктор

ХОРОР ВО РОТЕРДАМ - Едно лице загина, осомничениот извикал „Алаху Акбар“, поразен од спортски инструктор

ДАЛИ СМЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ВАКВИ ИНТЕНЗИВНИ ПОПЛАВИ? „Нашата планета ќе стане поопасно и поскапо место за живеење“

ДАЛИ СМЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ВАКВИ ИНТЕНЗИВНИ ПОПЛАВИ? „Нашата планета ќе стане поопасно и поскапо место за живеење“

Експлозиите во Либан ги турнаа Хезболах и Израел на работ на војна

Експлозиите во Либан ги турнаа Хезболах и Израел на работ на војна

ЗА НАПАДОТ ВО ЛИБАН: Унгарија преку Бугарија префрлила 1,6 милиони евра за експлозивните пејџери?

ЗА НАПАДОТ ВО ЛИБАН: Унгарија преку Бугарија префрлила 1,6 милиони евра за експлозивните пејџери?