12 Мај, 2024
0.0307

(ГАЛЕРИЈА) Два нови бренда во „Fashion&Friends“ – „Lee“ и „Wrangler“

Објавено во: Мои пари 12 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Lee® машка колекција за пролет-лето 2016

Lee® презентира весела, модерна машка колекција за пролет-лето 2016 со избледени материјали, дезени и весели принтови.ЛегендарнитеLee парчиња се обновени со нови бои – од палмино-зелена и небесно сина до црвена како зајдисонце, аплицирани на суптилно структурирани материјали, создадени за модерни времиња.

[gallery ids="210598,210599,210600,210601,210602,210603,210604,210605,210606,210607,210608,210609,210610,210611,210612,210613,210614,210615,210616,210617,210618,210619,210620,210621,210622,210623,210624,210625"]

Lee® Luke се фит фармерки со стеснети ногавици, а Daren и Malone серегуларни, рамни фармерки со остар „скини“ крој. Arvin – лансирани минатата сезона, се релаксирана верзија на регуларните џинс, а исто така има голем избор на куси петџебни панталони, „школски“ чинопанталони кои се фит и издржливи, во различни бои и текстури. Деталите во целата колекција се инспирирани од војничките елементи, кои вклучуваат ластик на половината на опуштените jog-џинс со дополнителни џебови и прилагодувачи на теренските, широки панталони.

[gallery ids="210584,210585,210586,210587,210588,210589"]

Lee® се потпира на неговите вештини и знаења за дизајн за да додаде три исклучителни тексас фармерки– црни, сини и бели – серија на различни нијансирани и избледениџинс кои се издојуваат со историскиот начин на кроење на брендот. Финеси како ефекти на различен интензитет на носени или неносени фармерки, имаат ресести детали, искинати или закрпени парчиња. Новиот тренд на нијансирање, инспириран од 80-тите години - „moonwash“ е изречен во темно сиви и модро сини тексас тонови комбиниран со чист, беспрекорен изглед. Другите уникатни ткаенини се со детали на рибина коска и ситни карирани дезени и риги.

[gallery ids="210590,210591,210592,210593,210594,210595,210596,210597"]

Овој летен, енергичендизајн се пренесува во обновените Lee® тексас кошули за пролет-лето ‘16 во огромна серија на различни нијанси и стилови. Маичките се од високо квалитетни материјали. Беспрекорно сошиена во колекцијата е Lee® моторџиската јакна со храбра палета на бои.

Со вистински иновации во дизајнот, вешти џинс финеси, смели бои и принтови, нови исклучителни материјали со префинета структура, Lee мажите за пролет-лето 2016 може да се сметаат за подготвени за летната сезона, полни со самодоверба.

Lee® женска колекција за пролет-лето 2016

lee

Свежото размислување и самоувереност е пренесена преку светлите и храбрибои – Lee® женската пролет-лето 2016 колекција се движи околу новите прилагодени кроеви, новите структурирани материјали и вистински џинс иновации. „Валкано розова“, светло жолта, светли небесни нијанси и „vintage“ војничко-зелена се комбинираат со темни и богати тонови, а се вклучени ивлијанија на војничкиот стил, шириоки шик ногавици кои се дизајнирани за да го слават личниот стил на оној кој ги носи парчињата.

Легендарните Lee® кроеви - „skinny“, „slim“и „straight“, се враќаат заедно со широките и ѕвонести ногавици, како и со нови сезонски изненадувања. Scarlett – ултимативните петџебни скини џинс се преработени со нов еластичен раб, а Toxey – супер-скини фармерките имаат привлечен, краток крој со патенти кои се искористени како главен детаљ. SkylerиEmlyn фармерките со висок струк, имаат модерен и рамен фит.

[gallery ids="210626,210627,210628,210629,210630,210631"]

Нов модел за оваа сезона се Auberry фармерките, со кратки широки ногавици, инспирирани од современите улични модни икони. Слични на нив, други модели на широки панталони се Annetta - модерните ѕвонарки, Joliet привлечни панталони до глужд и Sallie –„boyfriend“ џинс.

Секој горен дел,кошула, маица е надградена во формата и дизајнот, со интересни избледувања и нови „oversized“ кроеви. Деталите во колекцијата се прекрасно пренесени преку вметнувањето на  елементи инспирирани од работниците, како и користењето на исклучителни материјали со префинети структури. Возбудливите форми се присутни на тесните Lee® Bib фустани од црн тексас, лежерните шорцеви и „пин-ап“ куси панталони. Џогер-џинс од вешто скроен тексас, со тесни ногавици и ластик на половината, придонесуваат за префинет, спортско-луксузен изглед.

[gallery ids="210632,210633,210634,210635,210636,210637"]

Ова е шарена, летна и весела колекција со вистински џинс интегритет, иновативен дизајн и шик, безгрижен дух.

leewomen092

Lee® е автентичен американски џинс бренд силно вкоренет во наследството на работничката облека. Познат по безбројните иновации во џинс светот, Lee® ги создаде првите комбинизони во 1911 година, ги измисли фармерките со патенти, како и првата тенка џинс јакна.

Изработката, квалитетот и услугата отсекогаш биле клучните елементи зад кои стои брендот, уште од 1889 година кога основачот Хенри Дејвид Ли ги утврдил овие вредности кои ја сочинуваат суштината на брендот Lee®. Во последните 125 години, Lee® стои цврсто зад изработката и квалитетот, доставувајќи супериорни кроеви со одлични материјали и едноставни, но специјални дизајни.

Движете се со стил со спортската колекција на WranglerActive Ready“за пролет-лето 2016

SS16_WRANGLER_AR-MIX_LANDSCAPE-600X425PX_ACTIVE1

Легендарниот американски бренд Wrangler ја претставува новата пролет-лето колекција за 2016, инспирирана од спортот и активниот живот, линија создадена од удобни џинс коиñдозволуваат на кожата да дише, а воедно во кои ќе изгледате одлично и ќе можете да бидете активни со стил.

Лидери во џинс иновацијата, „Active Ready“ колекцијата на Wrangler е опремена со широк опсег на jog-џинс кои имаат визуелен приказ на тексас, но всушност се сошиени од иновативна текстилна технологија за да се зголеми удобноста и овозможи движењето. Супер-лежерни, а воедно стилски, jog-џинсот на Wranglerод еластичен тексас и ластик на половината, класичен петџебен стил, доаѓа во различни нијанси на избледувања.

[gallery ids="210642,210643,210644,210645,210647,210648"]

Во активната линија се вклучени лесни сезонски фармерки дизајнирани со Coolmax®технологија, преку која се користат материјали инспирирани од спортската технологија. Овие ткаенини се отпорни на потење и овозможуваат брзо сушење, така што без разлика на високата температура, оние кои ги носат фармерките ќе изгледаат одлично и ќе останат свежи. Клучните џинс парчиња за мажиги вклучуваат модерните „slim“Bostinфармерки и регуларнитеColton фармерки со тесни ногавици.

SS16_WRANGLER_AR-W_SQUARE-600X600PX_ACTIVE2

Враќајќи ја во живот филозофијата на Wrangler - „роден подготвен“, колекцијата за пролет-лето 2016 е дизајнирана за да им овозможи слобода и флексибилност на оние кои ги носат парчињата, да можат да преминат од градот во природа, од работа кон авантура, без разлика дали тоа е враќање со велосипед од работа накај дома или пак прошетка за ручек на летното сонце. Со совршеното комбинирање на модата и функционалноста, Wrangler фановите можат да бидат сигурни дека се подготвени за сите сезонски авантури.

Wrangler брендот е лансиран во 1947 година, базиран на иновативна програма: да се создадат најдобите џинс за каубојците. Денес Wrangler продолжува да создава џинс на најдобриот можен начин, но за потребите на модерниот потрошувач. Изгледајте добро, работете напорно: водечкиот принцип на секое дизајнирано парче на брендот, кое има за цел да направи да се чувствувате како да сте родени подготвени – подготвени за било што ќе ви се најде на патот. Комбинирајќи ја модатата и функционалноста, колекцијата е создадена и приспособена на барањата на потрошувачите, полна со енергија и иновативни детали. Wrangler го забрзува процесот на развој на фармерките со пионерски иницијативи: џинс кој ве одржува суви на дождливото време, топли во студените денови.

[gallery ids="210650,210651,210652,210653,210654,210655,210656,210657,210658,210659,210660,210661,210662,210663,210664,210665,210666,210667,210668,210669,210670,210671,210672,210673,210674,210675,210676,210677,210678,210679,210680,210681,210682,210683,210684,210685,210686,210687,210688,210689,210690,210691,210692,210693,210694,210695,210696,210697,210698,210699,210700,210701,210702,210703,210704,210705,210706,210707"]

Wrangler е основач на џинс парчињата и основоположник на тексас перфомансите.Извонредното тексас наследство на Wrangler се развива во стилски, функционални џинс парчиња со легендарни и оригинални детали, вклучувајќи ги бакарните нитни и ергономските џебови за часовник. Дизајнерски парчиња кои остануваат запаметени како 27MW кошули и 11MJ јакни се сакани од страна на џинс познавачите и модните фанатици. Ткаенините со дијагонални пруги, долготрајни и меки материјали кои Wrangler ги измисли во 1964 година, остануваат столб на многу тексас парчиња. Wrangler е дел од VF корпорацијата, најголемиот светски производител на облека.VF компанијата ги вклучува брендовите Lee, North Face, 7 For All Mankind, Vans и Timberland.

Можеби ќе ве интересира

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“