Генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа, побара исклучување на Милениумскиот крст на Водно
Објавено во: Македонија 14 Септември, 2022
Генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа, побара да се исклучи осветлувањето на Милениумскиот крст на врвот на Водно по примерот на одлуката повеќе да не свети Ајфеловата кула во Париз.
„Во Париз е донесена одлука за намалување на осветлувањето на Ајфеловата кула, со што се заштедуваат непотребни трошоци за струја особено во периодот на енергетската криза која започна и се очекува да се продлабочи оваа зима.
Наместо нашите лидери да ни кажуваат како да се користи струјата во домаќинствата, јас јавно предлагам да почнат да штедат и да го прекинат непотребното осветлување на Милениумскиот крст на Водно, Скопје!“, објави Хоџа на Фејсбук.
Партијата на Хоџа на неодамнешните избори за Совет освои мнозинство во Општина Тетово, каде што веќе градоначалник е Билал Касами, лидерот на Беса. Хоџа беше министер за земјоделство до ноември минатата година, кога Беса одлучи да излезе од владината коалиција и да биде опозиција.