Георгиевски до Груевски: Сè што ми напрaви мене, сега ти го прават тебе, по учебникот кој им го остави

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2023
Поранешниот премиер и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски упати порака до екс премиерот Никола Груевски кој е во Будимпешта како политички азилант.
Вели дека тоа што Груевски му го правел нему, сега му го прават на него сопартијците.
„Сè што ми напрaви мене, сега ти го прават тебе. По учебникот кој им го остави. Само очигледно тие што ми беа лојални беа далеку помногубројни. Порака до ВМРО-Шумадија: Многу мал чекор треба да направите за да му помогнете на вашиот довчерашен лидер, што единаесет години ви даваше власт. Да им помогнете на уште петнаесетина ваши сопартијци кои лежат по затворите вклучувајки ги и од 27.
Да и помогнете на Македонија на патот до Европа“, пишува Георгиевски на Фејсбук.
Груевски деновиве е во „војна“ со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но и со други кадри од партијата, околу тоа дали имало или не тајни разговори со власта за да се направат уставни измени. За обвинувањата на оваа тема, Груевски бараше докази од луѓето од ВМРО-ДПМНЕ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
МАКЕДОНИЈА МИСЛИ ГЛОБАЛНО, САМО ДИЈАЛОГОТ НОСИ РЕЗУЛТАТИ: Спасовски за српска „Политика“

ПРВ ПАТ ПО ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ЛАВРОВ Е ПРИСУТЕН ВО ЗЕМЈА ЧЛЕНКА НА НАТО: Рускиот дипломат беше срдечно пречекан од Османи, утре ќе одржи и прес конференција

Мицкоски прифаќа средба со Ковачевски, ама прво да заврши со предавањето

ГРЧКА НЕВЛАДИНА ОРГАНИЗАЦИЈА „НАСМЕВКА НА ДЕТЕТО“ ОБЈАВИ АПЕЛ ЗА ВАЊА: Исчезнатата тинејџерка го мобилизираше Балканот

СЕ ОГЛАСИ ПЕСКОВ ЗА БУГАРСКИОТ ПОТЕГ: „Тоа е апсурден и глупав став“

МАКЕДОНИЈА СТАНАЛА ЧЛЕНКА НА НАТО БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЗРЕЛИ ПОЛИТИКИ И МУДРИ ЛИДЕРСКИ ОДЛУКИ: Еве што се зборуваше на средбата меѓу Ковачевски и О’Брајан

„ОПАСНА ГЛУПОСТ НА НЕКОЈ ШЕГАЏИЈА ВО СТРУКТУРИТЕ НА МОЌ “ - Захарова вака ја коментира забраната рускиот авион да прелета преку бугарскиот воздушен простор

ЦРВЕН ТЕПИХ ПРЕД „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“: Еве како Османи ги пречекува гостите

ФАТАЛЕН ПОЖАР СО ЖРТВА, ЗАПАЛЕНИ ВОЗИЛА, ОПАСНИ ШТЕТИ ОД СИЛЕН ВЕТЕР, ПОПЛАВЕНИ ПРОСТОРИИ...Еве што регистрирал телефеонот на ЦУК
