ГЕРАСИМОВСКИ: Доставена e иницијатива до ЗЕЛС за итни законски измени за вандализмот
Објавено во: Македонија 15 Декември, 2024
Општина Центар поднесе иницијатива до ЗЕЛС со која бара под итно да се донесат законски измени со цел да се спречи понатамошна ескалација на вандализмот.
Во истата иницијатива бараат од ЗЕЛС да ја достави иницијативата до сите надлежни институции, Влада, МВР, Министерство за труд и социјална политика, Центрите за социјална работа, Министерство за правда, МОН, Служби за пробација, надлежните судови, НВО за да се формира работна група од која ќе произлезат законски измени за оваа негативна општествена појава.
„Бараме под итно сите надлежни да седнат на иста маса. Мораме заедно да ги разгледаме сите можности за законски и други начини како да се справиме со вандализимот на малолетните лица кои се почесто предизвикуваат инциденти со кои се нарушува безбедноста. Во исто време може да дојде и до поголема трагедија во која овие малолетни лица и можат и самите да се повредат и да настрадаат. Превенцијата е најважна во вакви ситуации, и затоа е потребно сите овие институции да бидат присутни на терен, да се зголеми безбедноста и редовните патроли на полицијата на критичните точки во општината и во градот каде имаме сериозни инциденти”, порача Герасимовски.
Вчера во населбата Капиштец повторно се случи инцидент во кој учество зедоа малолетни лица, со неконтролирано однесување, кршење шишиња, фрлање петарди, физички пресметки. Ова не е прв ваков настан во населбата.
На средината на ноември, група малолетници обиле багер, а претходно беше обиен и ограбен комуналниот пункт во истиот реон.
„Наша цел е со воведување на оваа мерка да ги ангажираме родителите да поведат сметка за своите деца и заедно со нив да поработат на нивното однесување и воспитување, бидејки семејство и домот е најважната алка во решавање на овој проблем”, додаде Герасимовски.
Општина Центар предлага законски измени не само во делот на зголемување на казните за оштетување урбана опрема, туку и воведување општествено одговорна работа каде што би се вклучиле и децата и родителите за да се подигне свеста за оваа појава.
фото Фејсбук/Горан Герасимовски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.