СКОПЈЕ-ГЕВГЕЛИЈА-СКОПЈЕ: Од денеска е вратена уште една железничка линија
Објавено во: Македонија 15 Декември, 2024
Од денеска е вратена уште една железничка линија, Скопје – Гевгелија – Скопје.
Со новиот возен ред, кој е со важност од денеска, покрај едната патничка линија Скопје – Гевгелија во 16:55 часот, „Македонски железници – Транспорт“ повторно ја врати линијата Скопје – Гевгелија во 6:20 часот и во обратна насока, во 4:30 и во 17:02 часот.
Враќањето на втората линија е овозможено откако локомотивата „ МЖ 642 180“, по подолго време, повторно е ставена во функција.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.