06 Октомври, 2024
0.0373

Германија, Грција и иднината на Европа

Објавено во: Економија 04 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Помагам на државите да ги надминат своите финансиски кризи веќе 30 години и ги проучувам економските кризи на 20 век, како основа за консултантската активност. Кај сите кризи постои природен дисбаланс меѓу силите на доверителот и на задолжените. Затоа успешното управување со кризи зависи од мудроста на доверителот. Во врска со тоа силно ја охрабрувам Германија да го промени пристапот кон Грција, пишува Џефри Сакс * за project-syndicate.org. Причините за една финансиска криза се кријат во прекумерната задолженост на земјата, која генерално е резултат од комбинација на лошо управување од задолжената земја, прекумерен оптимизам, корупција и лошата проценка и слабите стимулации на банките кредитори. Грција се вклопува во овој модел. Грција имаше огромни долгови при пристапувањето кон еврозоната во 2001 година, а државниот долг изнесуваше околу 99% од бруто домашниот производ (БДП). Како нов член сепак земјата можеше лесно да зема заеми меѓу 2000 и 2008 година, а односот меѓу долгот и БДП се зголеми до 109%. Кога просперитетот на една земја зависи од континуираните притоки на капитал, ненадејно запирање или превртување на финансиските текови предизвикуваат нагло намалување. Во Грција лесното кредитирање престана со доаѓањето на светската финансиска криза во 2008 година. Економијата се намали со 18% меѓу 2008 и 2011 година, а невработеноста скокна од 8% на 18%. Најочигледната причина за тоа беа пониските државни трошоци кои ја намалија агрегатната побарувачка. Работниците во јавниот сектор ги изгубија своите работни места, а градежните проекти престанаа. Со намалувањето на приходите другите внатрешни сектори се урнаа. Друг фактор за економскиот колапс на Грција не е толку очигледен: намалувањето на банкарските кредити. Откако банките го загубија пристапот до меѓубанкарските кредитни линии од странство, тие го ограничија давањето на кредити и почнаа да ги собираат заостанатите. Внатрешни штедачи исто почнаа да ги повлекуваат своите депозити, стравувајќи од неликвидност на банките и - благодарение на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, за членството на земјата во еврозоната. Слично на контракцијата на агрегатната побарувачка, намалувањето на банкарските кредити имаше мултипликаторен ефект. Зголемената финансиска нестабилност ги натера штедачите и странските финансиски институции, исто така да ги повлечат кредитите и депозитите од грчките банки. Под нормални околности економиите ја надминуваат должничката криза со намалување на државниот дефицит, преместувајки го фокусот на производството од локална продажба кон извоз и рекапитализација на банките. Буџетскиот суфицит и приходите од извозот овозможуваат на економијата да го сервисира надворешниот долг, а рекапитализацијата на банките овозможува обновување на кредитната експанзија. Ако поттикот на извозот е доволно голем и брз, профитот од него во голема мера ќе ја надомести домашната побарувачка, а целокупното производство ќе се стабилизира, па дури и повторно ќе почна да расте. Шпанија, Ирска и Португалија успеаја да ги амортизираат падовите по 2008 година со раст на профитот од извозот. Грција сепак не успеа. Всушност грчката добивка од извоз во 2013 година е во вредност од 53 милијарди евра и е со 3 милијарди евра помала од онаа во 2008 година, кога домашната побарувачка се распадна. Ова не е изненадувачки поради три причини. Прво, европските спасувачки пакети не направија рекапитализација на грчкиот банкарски сектор (фокусот беше врз спасувањето на грчките и француските банки), а потенцијалните извозници не успеаја да добијат оперативни кредити, за да ги поддржат своите потреби од модернизација. Второ, грчката економска база е премногу тесна за да се задржи значителен краткорочен раст на извозот. Трето, административните, регулаторните и даночните пречки ја застанаа реакцијата на извозот, особено откако зголемувањето на даноците, како дел од спасувачките пакети направи уште потешка позиција за малите и средни претпријатија да растат и да се утврдуваат на пазарите во странство. Според мое мислење, вели Сакс, политичкиот одговор на партнерите на Грција, на чело со Германија, е неразумен и исклучително непрофесионален. Тие презедоа проширување на нови заеми, за да може Грција да ги опслужи веќе постоечките такви, без да го обноват банкарскиот систем на земјата или да ја поттикнат нејзината извозна конкурентност. Првичниот спасувачки пакет од 110 милијарди евра во 2010 година беше користен за да се исплати државниот долг кон германските и француските банки. Како резултат на тоа Грција должи уште повеќе на официјалните кредитори: Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Европскиот фонд за финансиска стабилност и Европската централна банка (ЕЦБ). И иако грчките долгови кон приватните кредитори беа делумно олеснети, веќе беше предоцна, бидејќи земјата не може да ги сервисира своите долгови кон официјалните кредитори. Година по година доверителите на Грција ветуваат дека спасувачките пакети ќе доведат до скок на производството, вработеноста и извозот. Наместо тоа земјата минува низ депресија, споредлива со падот на производството и вработеноста на Германија во периодот меѓу 1930 и 1932 година пред Хитлер да ја преземе власта. Многу Германци може да ја презираат сегашната грчка влада, управувана од СИРИЗА, која сака крај на политиката на штедење наметната од доверителите, но четири последователни влади - централно-левичарска, технократска, централнодесничарска и лево - ја применуваа. Сите овие влади пропаднаа. Можеби централно-десничарската влада на Антонис Самарас од 2012 до 2015 година беше најблиску до успехот, но таа не успеа политички да преживее на мерките за штедење, кои беше принудена да ги воспостави. Доверителите на Грција исто така не направија ништо за да и помогнат на владата на Самарас да ја надмине политичката поврзаност, иако во принцип им се допаѓаше. За да ја надмине економската криза, доверителот треба да биде умен и избалансиран. Правилно е да се бараат строги реформи од лошо контролирано задолжување на владата. Но ако должникот се стегне премногу, општеството ќе се распадне, што доведува до недостаток на стабилност, агресија, преврати и постојано човечко страдање. Иако должникот губи најмногу доверителите исто губат, бидејќи не успеваат да си го вратат долгот. Формулата на успехот е реформите да се поврзат со отпишување на долгот во согласност со вистинските потреби на економијата. Паметниот кредитор на Грција ќе постави некои сериозни и љубопитни прашања. Како можеме да им помогнеме на Грција да го раздвижи кредитирањето во банкарскиот систем? Како можеме да и помогнеме на Грција да го зголеми својот извоз? Што е потребно за да ги охрабриме брзиот раст на малите и средни претпријатија? Во продолжение на веќе пет години Германија не ги поставува овие прашања. Навистина, со времето, прашањата се заменети од германското незадоволство спрема наводната грчка мрзеливоста, корупција и непоправливост. А тоа стана грдо и лично и за двете земји. Кредиторите не успеаја да понудат реален пристап спрема грчките долгови, можеби затоа што Германија стравува дека Италија, Португалија и Шпанија, исто така може да побараат олеснување. Која и да е причината, Германија се држи со Грција лошо и не успева да понуди сочувство, анализа и потребното отпишување на долгот. И ако причината е дека сака да ги заплаши Италија и Шпанија, треба да се потсетиме на категоричкиот императив на Кант: државите и поединците, треба да бидат третирани како цели, а не како средства. Доверителите понекогаш се мудри, а понекогаш исклучително глупави. Америка, Велика Британија и Франција беа исклучително глупави во дваесеттите години на минатиот век, кога наметнаа екстремно високи репарации на Германија по Првата светска војна. Во 40-тите и 50-тите години САД се покажаа како мудар доверител со давањето на Германија нови финансиски средства согласно планот Маршал, проследено со отпишување на долгот во 1953 година. Во 80-тите години, сепак САД повторно беа лош кредитор, кога побара огромни исплати на обврските на земјите од Латинска Америка и Африка. Во 90-тите години и потоа земјата ги олесни нивните долгови. Во 1989 година САД беа доволно мудри да обезбедат намалување на долгот на Полска (како што направи и Германија, иако недоволно). Во 1992 година најглупавото американско инсистирање за строги услуги на руските обврски по падот на Советскиот Сојуз го посеа семето на денешните горчливи односи. Барањата на Германија ја доведоа Грција речиси до колапс со потенцијално катастрофални последици за светската репутација на Грција, Европа и Германија. Сега е време за мудрост, а не за цврстина. А мудроста не значи мекост. Одржување на мирна и просперитетна Европа е најважната одговорност на Германија, но е и нејзин најзначаен национален интерес. *Џефри Сакс е професор по одржлив развој, здравствена политика и менаџмент, како и директор на Институтот за Земјата на Универзитетот Колумбија. Обработка: К.К. Извор: project-syndicate.org

Можеби ќе ве интересира

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?