21 Мај, 2024
0.0293

Германија сака да ги врати сите мигранти во Грција?

Објавено во: Балкан 03 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Германија сака сите бегалци и мигранти, кои влегле на територијата на ЕУ од Грција, да бидат вратени назад во таа земја.

Ова го изјави германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер во интервју за „Катимерини“. 

Според него Берлин ќе инсистира на спроведување на европското правило, според кое оние кои бараат азил во некоја земја од ЕУ треба да бидат вратени во првата земја од ЕУ, на чија територија се дојдени пред да добијат одговор за азил. 

„Би сакал повторно да се примени Конвенцијата од Даблин и по ова прашање ќе разговараме на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ кон крајот на октомври“, рекол министерот. 

Според Конвенцијата од Даблин одговорноста за сместување на барањето азил ја носи државата во која тие прво влегле на територијата на Унијата. Тоа значи дека во Грција, од каде што поминува главниот пат на бегалците и мигрантите, треба да бидат вратени најмногу луѓе.

Примената на Конвенцијата беше прекината во 2011 година поради апели на хуманитарни организации, според кои Атина не обезбедува доволно добри услови за сместување на мигрантите. 

Во интервјуто Де Мезиер изјавил дека „од тогаш ЕУ покажува значителна поддршка на Грција и тоа не само финансиска, туку и во однос на подобрување на постапките за обработката на барањата за азил“. 

Во исто време во интервју за германскиот телевизиски канал ARD министерот ја критикуваше Грција за тоа дека не ги исполнува условите од договорот меѓу ЕУ и Турција за ограничување на протокот на луѓе кон ЕУ. 

Во март Брисел и Анкара постигнаа договор со кој Турција вети да ги прифаќа назад сите илегални мигранти, дојдени од нејзината територија во Грција. Во замена за тоа ЕУ ќе прифаќа еднаков број сириски бегалци од Турција. Унијата, исто така, вети и обезбедување на финансиска помош, забрзување на преговорите за членство, како и безвизен режим за турските граѓани.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) СПАСЕНИ ДВЕ ЖЕНИ И ДЕТЕ ВО УЖИЦЕ: Нивниот автомобил беше потопен

(ВИДЕО) СПАСЕНИ ДВЕ ЖЕНИ И ДЕТЕ ВО УЖИЦЕ: Нивниот автомобил беше потопен

ВУЧИЌ ЗА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Некои земји за кои не очекувавме ќе ни „забијат нож во грб“

ВУЧИЌ ЗА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Некои земји за кои не очекувавме ќе ни „забијат нож во грб“

НЕВРЕМЕ ВО СРБИЈА: Жена загина откако дрво падна врз нејзиниот автомобил

НЕВРЕМЕ ВО СРБИЈА: Жена загина откако дрво падна врз нејзиниот автомобил

ЕРДОГАН ЈА НАРЕЧЕ ЕВРОВИЗИЈА СРАМНО НАТПРЕВАРУВАЊЕ - „Добро е што не одиме, таму не можете да сретнете нормална личност“

ЕРДОГАН ЈА НАРЕЧЕ ЕВРОВИЗИЈА СРАМНО НАТПРЕВАРУВАЊЕ - „Добро е што не одиме, таму не можете да сретнете нормална личност“

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

„ЛУЃЕТО БЕГААТ ОД ХРВАТСКА“: „Земјата ќе остане празна“

„ЛУЃЕТО БЕГААТ ОД ХРВАТСКА“: „Земјата ќе остане празна“

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ СЕ ВРАБОТИЛА ВО ИТ СЕКТОРОТ ВО БОЛНИЦА: Хрватка со измама сакала да добие подобра плата

СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ СЕ ВРАБОТИЛА ВО ИТ СЕКТОРОТ ВО БОЛНИЦА: Хрватка со измама сакала да добие подобра плата