02 Јануари, 2025
0.1185

ВУЧИЌ ЗА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Некои земји за кои не очекувавме ќе ни „забијат нож во грб“

Објавено во: Балкан 21 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска најави дека при гласањето на Резолуцијата за геноцидот во Сребреница ќе има „разочарувачки вести“ во однос на позициите на некои држави. 

„Ги добивме податоците, секако дека ќе има разочарувачки вести во однос на ставовите на некои земји за кои не очекувавме „да ни забијат нож во грб“, но очекувавме голем притисок и знаевме дека ќе има промени во ставовите. Цело време молчеа, но застанаа на страната на оние кои се големи и силни“, изјави Вучиќ.

Тој изјави и дека верува дека „многумина кои ќе гласаат за Резолуцијата за геноцидот во Сребреница утре ќе кажат дека таа е за доброто на Србија“.

„Ќе ја повторат празната приказна дека не е колективна вина на српскиот народ“, вели Вучиќ.

Српскиот претседател рече дека ќе има „и такви кои ќе го издржат притисокот“.

Британската министерка за европски прашања Нус Гани денеска во Белград изјави дека геноцидот во Сребреница е правно заснована, а не политичка одлука и дека тоа не е одраз на српскиот народ, туку се однесува на извршените злосторства.

Резолуцијата за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница и осуда на негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници ќе биде претставена на Генералното собрание на ОН на 23 мај, а беше спонзорирана од триесет земји. 

Масакрот во Сребреница, познат и како геноцидот во Сребреница бил извршен во периодот од 11. до 23 јули 1995. година во текот на војната во БиХ од страна на војската на босанските Срби и се состоел од убиство на над 8.000 босански муслимани, претежно мажи.

Можеби ќе ве интересира

УБИСТВАТА ВО ЦЕТИЊЕ СЕ ИЗВРШЕНИ ЗА 30 МИНУТИ: Една од жените ранета го земала детето и бегала

УБИСТВАТА ВО ЦЕТИЊЕ СЕ ИЗВРШЕНИ ЗА 30 МИНУТИ: Една од жените ранета го земала детето и бегала

Вучиќ: Странска служба го бараше Коста од Србија, еден ден по масовното убиство во „Рибникар“

Вучиќ: Странска служба го бараше Коста од Србија, еден ден по масовното убиство во „Рибникар“

МОМЧЕТО ИМАШЕ САМО 13 ГОДИНИ, ЖРТВА Е НА УБИЕЦОТ ОД ЦЕТИЊЕ: Мартиновиќ пукал и во деца

МОМЧЕТО ИМАШЕ САМО 13 ГОДИНИ, ЖРТВА Е НА УБИЕЦОТ ОД ЦЕТИЊЕ: Мартиновиќ пукал и во деца

СИТЕ УБИЕНИ БИЛЕ НЕГОВИ КУМОВИ, ПРИЈАТЕЛИ ДРУГАРИ... - страшни сознанија за монструмот од Цетиње, ако забележите асоцијално однесување, пријавете го

СИТЕ УБИЕНИ БИЛЕ НЕГОВИ КУМОВИ, ПРИЈАТЕЛИ ДРУГАРИ... - страшни сознанија за монструмот од Цетиње, ако забележите асоцијално однесување, пријавете го

Масовниот убиец во Цетиња пи погубил и двете деца на газдата на кафаната

Масовниот убиец во Цетиња пи погубил и двете деца на газдата на кафаната

Маж уби најмалку пет лица во кафана во Цетиње, граѓаните повикани да останат дома

Маж уби најмалку пет лица во кафана во Цетиње, граѓаните повикани да останат дома

Еди Рама со вештачка интелигенција направи заедничко видео со починатиот Исмаил Ќемали

Еди Рама со вештачка интелигенција направи заедничко видео со починатиот Исмаил Ќемали

Косовците единствено во регионот мора да патуваат со виза во БИХ

Косовците единствено во регионот мора да патуваат со виза во БИХ

Од денеска бесплатен јавен превоз во Белград

Од денеска бесплатен јавен превоз во Белград