GIVING FRIDAY: dm дрогериите го бојат Black Friday во розово и наместо попусти, донираат 5 отсто од дневниот промет во ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија
Објавено во: Мои пари 23 Ноември, 2022 10:10
Во петок, 25 ноември, подгответе се за еден поинаков Black Friday. Наместо ,,ловење’’ на попусти и неконтролирано трошење, традиционално веќе четврта година по ред, dm дрогерие маркт заедно со вас го бои последниот петок од ноември во розово и му дава ново филантропско значење – 5% од дневниот промет ќе биде дониран во ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија.
,,Giving is the new black’’ е слоганот под кој dm ја започна оваа иницијатива во 2019-та година, а нејзината цел е ,,Црниот петок’’ да не биде ден кога луѓето ќе бидат исклучиво заинтересирани за акции и попусти, туку за она што може да го направат за да им помогнат на оние на кои им е најпотребно. Изминатата година, благодарение на големиот одзив на купувачите, dm донираше 300.000 денари во националната мрежа против семејно насилство и насилство врз жените „Глас против насилство“.
И оваа година нема да биде исклучок од хуманитарната активност во вашите
омилени dm дрогерии затоа што во текот на празниците
кои се ближат, честопати сѐ не потсеќа на важноста и убавината на подарувањето:
внимание, време или вешто спакувани ситници. Тоа е и самата суштина на
празниците – атмосферата на заедништво, топлина и споделување на радост.
Воедно, тие се и прилика да се потсетиме на она што е навистина важно, а во
текот на брзото секојдневие го забораваме.
Затоа, без разлика дали четвртиот петок во ноември веднаш ве потсеќа на Black Friday и огромните гужви ширум продавниците – овогодинешниот убаво обележете го во вашиот календар затоа што со секое ваше пазарување во некоја од 22-те дрогерии на dm, му давате ново значење на шопингот и сте дел од еден неверојатен хуман гест!
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА




