17 Декември, 2025
0.0553

Годинава ќе стасаат помалку пари од печалбарите, и кај нив е криза!

Објавено во: Економија 31 Август, 2013 10:17

Добивај вести на Viber

Печалбарите годинава ќе испратат помалку пари во земјава во однос на лани, ако прoдолжи сегашниот тренд на приливи по овој основ. Имено според најновите податоци на Народната банка, за половина година во Македонија влегле вкупно 657 милиони евра по основ на приватни трансфери. Приливот изнесува 686,5 милиони евра додека одливот 29,7 милиони евра. Анализирано по месеци, најмногу пари од печалбарите имало во мај. Односно во јануари приливот на приватните трансфери изнесувал 99 милиони евра, во февруари 105,3 милиони евра, а исто толку изнесувал и во март. Во април приливот на приватните трансфери бил 124,8 милиони евра, во мај 129,7 милиони евра додека во јуни изнесувал 122,4 милиони евра. Сепак, приливот на приватните трансфери, во првите шесет месеци од годинава е намален во однос на лани кога во истиот период изнесувал 748 милиони евра. Во приватни трансфери влегуваат дознаките во и од странство на физичките лица, откупени и продадени девизи во менувачниците, но и трасфери од пензии, ренти и слично. Најмногу пари од приватните трансфери Македонија има минатата година, кога изнесувале 1,6 милијарди евра. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно