Годишната инфлација во еврозоната е намалена за 1,3 отсто
Објавено во: Економија, Свет 31 Август, 2013 12:00
Европската статистичка агенција „Евростат“ објави дека цените во еврозоната во август на годишно ниво пораснаа за 1,3 отсто, а тоа значи дека годишната инфлација е намалена во однос на јули, кога цените на годишно ниво пораснаа за 1,6 отсто.
Во еврозоната во август, на годишно ниво, најмногу поскапеле храната, алкохолните пијалаци и цигарите за 3,3 отсто. Во јули нивните цени беа зголемени за 3,5 отсто.
Следат услугите чии цени во август се зголемени за 1,5 отсто во однос на ланскиот август. Во јули цените на услугите во еврозоната пораснаа за 1,4 отсто. Индустриските производи без енергијата поскапеа незначително за 0,3 отсто, по поскапувањето од 0,4 отсто во јули.
Според пресметката на „Евростат“ во август на годишно ниво поевтинила само енергијата за 0,4 отсто, по јулското зголемување од 1,6 отсто.
Можеби ќе ве интересира
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно




