01 Ноември, 2024
0.0378

Голем број тепачки на млади: Градоначалникот на Гази Баба побара полицајци во автобусите на ЈСП

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Гази Баба, Боби Стефковски, алармира дека во изминатиот период има регистрирани голем број на тепачки помеѓу млади ученици во автобусите на ЈСП на потегот од Ченто, преку Сингелиќ до Стајковци. Во инцидентите се повредени ученици, деца жители на тој дел од општина Гази Баба.

„Како градоначалник, а вооедно и претседател на Советот за превенција на општина Гази Баба закажав седница на Советот за 19.09.2022 година (понеделник) на која се поканети преставници од Месната заедница Сингелиќ и Месната заедница Стајковци како и преставници од надлежни институции кои по функција се членови на Советот. На таа седница ќе предложам мерки и заклучоци за надминување на состојбата.

Вооедно денес оддржав средба со преставници на Месната заедница Стајковци на која ги информирав за превземените дејствија од моја страна, а со цел превенција од вакви случувања во следниот период“ предупредува Стефковски.

Во продолжение на статусот, ја повикува полицијата на соработка и МВР да назначи полицајци кои ќе се возат во автобусите на ЈСП заедно со младите.

„Утрово испратив допис до Полициската станица од општа надлежност Гази Баба во кој побарав зголемено полициско присуство во критичниот период на полициски службеници во самите автобуси на ЈСП Скопје.

Јавно апелирам до младите но и нивните родители да се разговара и вакви случувања во иднина да не ни се повторуваат. Вооедно апелирам и до Министерството за Внатрешни работи да превземе соодветни мерки со цел расчистување на изминатите настани но што е и најважно превенција од идни вакви и слични немили настани.

Јас како градоначалник на општина Гази Баба ќе сторам се што е во моја надлежност со цел превенција од вакви немили настани но и заштита на жителите на општина Гази Баба кои го користат јавниот превоз“, дополнува тој.


Можеби ќе ве интересира

ДОБИЛЕ ДВЕ АНОНИМНИ ПРИЈАВИ: ОЈО отвора предмет за директорот на АНБ, Бојан Христовски

ДОБИЛЕ ДВЕ АНОНИМНИ ПРИЈАВИ: ОЈО отвора предмет за директорот на АНБ, Бојан Христовски

Партијата на Македонците од Албанија бара во Пустец да се постави биста на Борис Малески

Партијата на Македонците од Албанија бара во Пустец да се постави биста на Борис Малески

ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ ГИ СЛЕДАТ ИЗЈАВИТЕ НА МИЦКОСКИ: Му забележуваат дека инсистира на употреба на терминот Македонија

ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ ГИ СЛЕДАТ ИЗЈАВИТЕ НА МИЦКОСКИ: Му забележуваат дека инсистира на употреба на терминот Македонија

ПРИТВОР ЗА ЖИТЕЛ НА БОГДАНЦИ: во повеќе наврати се соблекувал и самозадоволувал пред деца во основно училиште

ПРИТВОР ЗА ЖИТЕЛ НА БОГДАНЦИ: во повеќе наврати се соблекувал и самозадоволувал пред деца во основно училиште

САКАЛЕ ДА ВЛЕЗАТ НА ЗАБАВА ЗА „ХАЛОУИН“, НАМЕСТО ТОА ИЗЕЛЕ ЌОТЕК: Инцидент пред дискотека во Скопје, момче заврши со дупната глава, а неговата девојка со расцепена уста

САКАЛЕ ДА ВЛЕЗАТ НА ЗАБАВА ЗА „ХАЛОУИН“, НАМЕСТО ТОА ИЗЕЛЕ ЌОТЕК: Инцидент пред дискотека во Скопје, момче заврши со дупната глава, а неговата девојка со расцепена уста

„ЗАЈАКНУВАЊЕТО НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА РЕФОРМИТЕ Е КЛУЧНО“: Муртезани вели овој проблем не следи со години

„ЗАЈАКНУВАЊЕТО НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА РЕФОРМИТЕ Е КЛУЧНО“: Муртезани вели овој проблем не следи со години

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ СО РЕТКА КРВНА ГРУПА ДОБИЈА БУБРЕЗИ: Имаат втора шанса за живот без дијализа

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ СО РЕТКА КРВНА ГРУПА ДОБИЈА БУБРЕЗИ: Имаат втора шанса за живот без дијализа

Битолчанец загина во сообраќајна незгода

Битолчанец загина во сообраќајна незгода

Каков деловен простор купи Левица со кредит за партиско седиште?

Каков деловен простор купи Левица со кредит за партиско седиште?