ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ЦАРИНА: Запленети 780 килограми режан тутун, вреден 3,4 милиони денари
![](/media/main/2024/12/20241218095855.jpg)
Објавено во: Економија 18 Декември, 2024
Секторот за контрола и истраги при Царинска управа во спроведената поголема акција во Битола и Ресен запленила 780 килограми режан тутун со вкупна вредност од 3,4 милиони денари.
Како што денеска соопштија од Царинската управа, во акцијата се извршени претреси на домови и помошни простории, а извршени се и контроли на градските пазари.
- Тројца сторители ќе одговараат кривично, а до едно лице ќе биде поднесена прекршочна пријава. Во предистражната постапка од овие дела е утврдена директна штета врз Буџетот во висина од 2,8 милиони денари, се наведува во соопштението.
Од Царина појаснуваат дека на 13.12.2024 година по издадена Наредба за вршење претрес на дом и други помошни простории од основен суд во Ресен, инспектори од Секторот за контрола и истраги извршиле претрес на помошни простории што се користеле како дуќан од страна на лицето С.Т. од Ресен. При извршениот претрес биле пронајдени околу 259 килограми режан тутун. Извршени биле и контроли на градскиот пазар при што од лицето Р.Н. од Ресен одземени се 100 килограми режан тутун.
Истиот ден по издадена Наредба за вршење претрес на дом и други помошни простории од Основен суд во Битола бил извршен и претрес на помошни простории што се користеле како гаражи од страна на лицето Ѓ. К. при што биле пронајдени околу 283 килограми режан тутун. Дополнително при контроли на градскиот пазар во Битола, од истото лице се одземени уште 88 килограми режан тутун, како и дополнителни 49 килограми режан тутун од лицето Т.Н.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
ПЕТ ПОНУДИ ЗА ИЗГРАДБА НА ИНТЕРКОНЕКТОРОТ СО ГРЦИЈА: Еве од каде се пријавените фирми
![](/media/main/250x170/2024/12/20241218130201.jpg)
Струјата за домаќинствата од 1 јануари поскапе минимално
![](/media/main/250x170/2024/02/20240205132233.jpg)
Узунчев: Марковски Компани нема да може да аплицира на повикот за јаглен
Божиновска: 85 милиони долари достапни за праведна транзиција – инвестициите проценети на 3 милијарди евра
![](/media/main/250x170/2024/12/20241218120730.jpg)
АВТОМОБИЛСКИ ГИГАНТ ПОВЛЕКУВА ИЛЈАДНИЦИ ВОЗИЛА - само од пазарот во Германија 160.000 автомобили, над 700 илјади во светот
![](/media/main/250x170/2024/12/20241218114923.jpg)
НАЈГОЛЕМО СПОЈУВАЊЕ ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА – ВО „ИГРА“ СЕ ЈАПОНСКИ ГИГАНТИ: Што значи ова за пазарот?
![](/media/main/250x170/2024/12/20241218113359.jpg)
СРЕДБА АЗЕСКИ-МАСУТИС: Продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Грција предуслов и за регионален напредок и постигнување подобри економски резултати
ЕЛЕКТРОНСКИТЕ АУКЦИИ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ЌЕ СЕ СКРАТАТ ДРАСТИЧНО - се менува Законот, еве што друго се бара
![](/media/main/250x170/2024/12/20241218090809.jpg)
НЕШТО СЕ „РАЗМРДУВА“ КАЈ ПРИЛЕПСКИОТ БИЗНИС БИСЕР - блок трансакција со акциите на „Прилепска пиварница“
![](/media/main/250x170/2024/12/20241217161057.png)