07 Октомври, 2024
0.0282

Големата мечка става шепа врз Македонија

Објавено во: Економија 24 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Српскиот воен аналитичар Мирослав Лазански неодамна тврдеше дека позади вооружените инциденти во Македонија стојат намерите да се спречи изградбата на рускиот гасовод „Турски тек“. Лазански објасни дека Македонија е најпогодното место за да се пресече „Турски тек“ и да се спречи неговата изградба. „Македонија е најслабата алка на таканаречениот „Турски тек“ кој треба да оди преку Русија, Турција, Грција, Македонија, Србија и Унгарија. Тука е најлесно да се пресече. Турците ќе дозволат, Ципрас најверојатно ќе дозволи, Србија ќе дозволи поради тоа што повеќе ќе заработи од оваа траса, отколку таа да поминуваше низ Бугарија, Орбан ќе дозволи и ете руски гас во Австрија. Како да се пресече тоа? Најлесно е да се разниша Македонија“, вели Лазански коментирајќи го неодамнешното заземање на полициската станица во Гошинце. Но освен регионално и германските медиуми доста се занимаваа со Македонија. Интернет-порталот „Финанцмарктвелт“, кој е главно посветен на теми поврзани со економијата и пред сѐ финансиските пазари. Во текстот насловен „Македонија: наредно кризно жариште меѓу Русија и Западот, авторот Маркус Фугман се осврнува на последните изјави на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за кризата во Македонија а во контекст на планираниот гасовод „Турски тек“: „Наредното јаболко на раздорот меѓу Западот и Русија би можела да биде малата Македонија. Земјата со два милиони жители која некогаш и пропаѓаше на Југославија, меѓутоа од една важна причина е од централно значење за Русија. Станува збор за планираниот руски гасовод во Турција, 'Турски тек', откако во декември 2014 Москва се откажа од проектот Јужен тек поради отпорот на Европската унија. Сега, Газпром со поддршка од Москва, планира новиот гасоводот да минува и низ Македонија и така да се заобиколи Украина“ пренесе Дојче Веле. Во анализата понатаму пишува: „Гасоводот треба да минува преку Грција (во поново време пријателска кон Русија) , Србија ( традиционално пријателска кон Русија), Унгарија (под Орбан пријателска кон Русија) и конечно преку Македонија- затоа земјата е последедно делче од сложувалката кое ѝ недостасува на Москва. Посебно експлозивен проектот е веќе поради тоа што политичката состојба во Македонија е сѐ друго освен стабилна: етничките конфликти меѓу мнозинското население и албанското малцинство, како и тешките обвиненија за корупција против премиерот Никола Груевски, би можеле лесно да ја ескалираат состојбата. Груевски ги поддржува плановите на Русија за изградба на гасоводот, па затоа Москва во последните големи демонстрации против него гледа дело на Западот“, пишува авторот на анализата во која уште истакнува дека Русија е во потрага по старата големина и оти остварувањето на проектот Турски тек ќе значи многу за Москва: „Се посакува еднаш засекогаш да се стави крај на зависноста од Украина како транзит земја, и затоа Русија се обидува гасоводот да го изгради во Турција, но затоа ѝ е потребна согласност од земјите каде треба да проаѓа. Затоа според Москва , протестите во Македонија против русофилскиот премиер Груевски се подбуцнати од Западот, за да се спречи повторно израснување на Русија во светска економка сила. Министерот за надворешни работи Лавров неделава тоа веќе јасно го истакна без дипломатска воздржаност. Според Лавров, Западот ги подбуцнува Албанците против владата , за токму на Русија да не ѝ падне в рака делчето од сложувалката кое ѝ недостасува. Сѐ уште сите очи се вперени кон Украина (која во моментов економски колабира, а сепак се вооружува)- но Македонија е истотака опасно кризно жариште како Украина со слични предуслови: етнички спротиставености, протести против владата. Останува надежта дека работите во Македонија нема да го земат истиот тек како и во Украина“, стои во анализата.

Можеби ќе ве интересира

ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

ИНТЕРВЈУ СО АЛФРЕД КАМЕР ОД ММФ: Економијата ќе расте кога ќе ја намалите бирократијата и ќе ги зголемите продуктивните инвестиции

Не е тајна! Колку пари заработуваат македонските банкари и кои банки плаќаат најдобро?

Не е тајна! Колку пари заработуваат македонските банкари и кои банки плаќаат најдобро?

КАКО ДА НЕ БЕШЕ ВО БЕГСТВО 20 ГОДИНИ: Даравелски стана шеф и на акционерско друштво

КАКО ДА НЕ БЕШЕ ВО БЕГСТВО 20 ГОДИНИ: Даравелски стана шеф и на акционерско друштво

„СПРЕЧЕТЕ ТРГОВСКА ВОЈНА, СИТЕ ЌЕ ИЗГУБАТ“: Германските гиганти на нозе

„СПРЕЧЕТЕ ТРГОВСКА ВОЈНА, СИТЕ ЌЕ ИЗГУБАТ“: Германските гиганти на нозе

МАЛИТЕ СТАНОВИ СЕ ПРОДАВААТ ВЕДНАШ, ПОГОЛЕМИТЕ ЧЕКААТ НЕКОЈ МЕСЕЦ – еве зошто поскапуваат становите, во третиот квартал нов раст од осум проценти

МАЛИТЕ СТАНОВИ СЕ ПРОДАВААТ ВЕДНАШ, ПОГОЛЕМИТЕ ЧЕКААТ НЕКОЈ МЕСЕЦ – еве зошто поскапуваат становите, во третиот квартал нов раст од осум проценти

НОВА СЕРИЈА ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ, ММФ ПРЕДУПРЕДУВА: Може да има поскапување на стоките, храната, нафтата...

НОВА СЕРИЈА ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ, ММФ ПРЕДУПРЕДУВА: Може да има поскапување на стоките, храната, нафтата...

ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА ЌЕ ЛЕГНАТ УНГАРСКИТЕ ПАРИ ВО БУЏЕТОТ: Утре ќе се потпише договорот за заем со Унгарија

ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА ЌЕ ЛЕГНАТ УНГАРСКИТЕ ПАРИ ВО БУЏЕТОТ: Утре ќе се потпише договорот за заем со Унгарија

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми