22 Мај, 2024
0.0278

ГОРИВАТА ПОСКАПУВААТ: Одат нагоре за еден и еден и пол денари

Објавено во: Економија 08 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука зазголемувањена малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 3,23 отсто во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 01.06.2020 година.

Одвечерва на полноќ малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)се зголемуваат за 1,00 денар/литар и сега малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 50,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и  на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98ќе изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена  наЕкстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќеизнесува 39,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,353 ден/кг и ќе изнесува 24,613 ден/кг.

Од 09.06.2020 година максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95  58,00(денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС -98  60,50(денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  50,00(денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  39,00(денари/литар)

Мазут М-1 НС    24,613(денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 09.06.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Референтните цени на сите нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување и тоа кај бензинот во просек за околу 11,30%, кај дизелотзголемувањето е во просек за околу 10,42%, кај екстра лесното масло зголемувањетое во просек за околу 10,62%  и кај мазутот зголемување во просек за околу 12,93% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на долароте понизок за 1,933%.

Согласно Методологијата за формирање на цените, вклучени се сите овие влезни параметри и извршено е соодветно прилагодување.

Можеби ќе ве интересира

ОВОЈ СЕКТОР ВО ГЕРМАНИЈА ПОВТОРНО „ПУКА“ - прометот пак се намали, дали следи нов бран на стечаи?

ОВОЈ СЕКТОР ВО ГЕРМАНИЈА ПОВТОРНО „ПУКА“ - прометот пак се намали, дали следи нов бран на стечаи?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони од продажба на ајфони и андроиди во Македонија?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони од продажба на ајфони и андроиди во Македонија?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: „Мега“, „Рапид Билд“, „Термалифт“ - Кумановски бизниси со најголеми добивки за 2023

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: „Мега“, „Рапид Билд“, „Термалифт“ - Кумановски бизниси со најголеми добивки за 2023

ИЗБОР НА ПРОФЕСИЈА: Што кога младите имаат талент за две или повеќе области?

ИЗБОР НА ПРОФЕСИЈА: Што кога младите имаат талент за две или повеќе области?

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции