Град Скопје демантира: Ние не ги исековме дрвјата во УКИМ
Објавено во: Македонија 12 Декември, 2015
Од Град Скопје остро реагираат на обвинувањата упатени на нивна адреса, откако ноќеска после полноќ беа сечени дрвја во Универзитетскиот кампус .
„Градот Скопје сака да нагласи дека ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје не ги исече дрвјата во Универзитетскиот кампус, во претходното деноноќие“, велат во соопштението до медумите.
Во врска со неоснованите обвинувања за активностите за сечење дрвја, појаснуваат дека Градот Скопје е должен, во согласност со Законот, да издаде решение за сечење дрвја кога ќе приложи инвеститор градежна дозвола за спроведување на Детален урбанистички план.