27 Октомври, 2024
0.0537

Град Скопје: Донираните автобуси „Соларис“ се за цела Македонија, Орце Ѓорѓиевски е недоветен

Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Од Град Скопје реагираат дека автобусите „Соларис“ што сака да ги донира Белград се наменети за цела Македонија, а од таму за градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС,Орце Ѓорѓиевски, велат дека дели недоветни изјави.

„По изјавите на лицето Орце Ѓорѓиевски каде вчера коментира за некакви автобуси од Белград, не ни е јасно дали некој го мести да делува недоветно или самиот си верува во лагите кои ги кажува и со кои редовно се бламира пред јавноста, велат од Град Скопје во соопштение до јавноста.

„Имено, од информации пласирани во јавноста автобусите „Соларис“ за кои раководството на градот Белград најавило дека ќе ги донира во Македонија се наменети за сите градови во земјава. Ако ја следиме логиката на Орце Ѓорѓиевски, тогаш, сите градоначалници во земјава според него се неспособни да си ја вршат работата, а особено градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ каде се обавува јавен превоз.

Глупоста во изјавата на Ѓорѓиевски дотолку повеќе излегува на виделина, ако во предвид земеме дека Владата до овој момент не е способна со сопствени средства да набави автобуси за општините и градот Скопје, иако ние понудивме средствата за набавката да ги префрлиме на сметка на Владата а тие да ја спроведат набавката“, реагираат од Град Скопје.

Ѓорѓиевски вќера го оцени како добар потегот на Белград, кој според најавите, ќе отстапи автобуси „Соларис“ на Скопје, но рече дека од друга страна тоа говори за несериозниот пристап на градоначалниката на Скопје и неможноста таа да се справи со предизвиците.

Од Град Скопје додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ има свои скриени интереси „да го приватизира“ Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје.

„Дополнително, со оваа изјава на Ѓорѓиевски се потврдува информацијата пласирана во јавноста во изминатите денови од лице блиско до руските структури во земјава и истовремено блиско до ВМРО-ДПМНЕ, на кое пред две години му беше оневозможено да врши дејност во Скопје поради сомнеж за финансиски малверзации, кое изјави дека планира со 100 автобуси да отпочне повторно со вршење на оваа дејност. 

Дали со оваа донација од Белград се подготвува ова лице, блиско до ВМРО-ДПМНЕ и руските безбедносни служби, повторно да влезе во дејноста со јавен превоз и со помош на ВМРО-ДПМНЕ да го приватизира ЈСП. Дали оваа најавена бизнис зделка е причината зошто Советот на Град Скопје раководен од ВМРО-ДПМНЕ системски го уништува ЈСП Скопје, не дозволува набавка на нови автобуси и зошто не се исплаќа Владиниот долг од 8 милиони евра кон ЈСП за превозот на студентите?

Лицето Орце Ѓорѓиевски треба посериозно да се посвети на својата работа, а помалку да се грижи за работата на другите градоначалници. Ова лице како претседател на ЗЕЛС целосно ја киднапираше и политизираше институцијата, поради што за прв пат по 50 години постоење градоначалници ја напуштаат оваа сега партизирана организација. 

Ѓорѓиевски треба да одговори, не со празни флоскули туку со докази и бројки, колку од проектите од неговата предизборна програма реализирал и дали е вистина дека реализацијата е под 15% од ветените проекти“, се вели во соопштението на Град Скопје“,додаваат од Град Скопје.




Можеби ќе ве интересира

Реакција од Град Скопје: Во овој момент во трета фаза е изградбата на парк во Карпош

Реакција од Град Скопје: Во овој момент во трета фаза е изградбата на парк во Карпош

ТУРИСТИЧКИОТ КОМПЛЕКС „МАНАСТИР“ ВО ПЛАМЕН - голем пожар во Берово (ВИДЕО)

ТУРИСТИЧКИОТ КОМПЛЕКС „МАНАСТИР“ ВО ПЛАМЕН - голем пожар во Берово (ВИДЕО)

„НЕ ДРЖИ КОНСТАТАЦИЈАТА НА АХМЕТИ“: Меџити вели општините добиваат повеќе пари сега - „подобро ни е кога ДУИ е во опозиција“

„НЕ ДРЖИ КОНСТАТАЦИЈАТА НА АХМЕТИ“: Меџити вели општините добиваат повеќе пари сега - „подобро ни е кога ДУИ е во опозиција“

НАПАДНАТ ЖИТЕЛ НА ПРОБИШТИП, НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ ПИШТОЛ, АМА ПЛАСТИЧЕН - полицијата ги уапси

НАПАДНАТ ЖИТЕЛ НА ПРОБИШТИП, НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ ПИШТОЛ, АМА ПЛАСТИЧЕН - полицијата ги уапси

„БАРАМЕ ДКСК ДА НЕ БИДЕ СЛЕПА ПРИ ОЧЕВИДНИ СКАНДАЛИ“: Левица со остра реакција по вработувањето на сестрата на Љутков

„БАРАМЕ ДКСК ДА НЕ БИДЕ СЛЕПА ПРИ ОЧЕВИДНИ СКАНДАЛИ“: Левица со остра реакција по вработувањето на сестрата на Љутков

„ЗАКАНА ЗА МИРОТ, СТАБИЛНОСТА, МЕЃУЕТНИЧКАТА ХАРМОНИЈА И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Амети со писма лидерите во соседството и светот

„ЗАКАНА ЗА МИРОТ, СТАБИЛНОСТА, МЕЃУЕТНИЧКАТА ХАРМОНИЈА И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Амети со писма лидерите во соседството и светот

„ИЗЕТ МЕЏИТИ ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВА ВЛАДИНИТЕ КАНЦЕЛАРИИ ЗА ПАРТИСКИ СОСТАНОЦИ“: Алијанса на Албанците бара реакција од ДКСК

„ИЗЕТ МЕЏИТИ ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВА ВЛАДИНИТЕ КАНЦЕЛАРИИ ЗА ПАРТИСКИ СОСТАНОЦИ“: Алијанса на Албанците бара реакција од ДКСК

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ СО ПРЕКРАСНА ВЕСТ - по трет пат татко

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ СО ПРЕКРАСНА ВЕСТ - по трет пат татко

„ПРИТИСОКОТ ОД ОВИЕ КОДОШКО-УДБАШКИ ИНСТАЛАЦИИ ДОПОЛНИТЕЛНО МЕ МОТИВИРА“: премиерот во одбрана на директорот на АНБ

„ПРИТИСОКОТ ОД ОВИЕ КОДОШКО-УДБАШКИ ИНСТАЛАЦИИ ДОПОЛНИТЕЛНО МЕ МОТИВИРА“: премиерот во одбрана на директорот на АНБ