15 Јануари, 2025
0.0315

Град Скопје ги прогласи најдобрите угостителски објекти за 2015 година

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Град Скопје ја продолжува традицијата и во соработка со Агенцијата СВОТ ДООЕЛ- Скопје, го реализираше проектот за избор на Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите. Овој проект се спроведува  осум години, а плакетите на  најдобрите три гостилници и најдобрите три ресторани, денеска  им ги врачи  градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

- Целта на манифестацијата „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите 2015“ е да се издвојат најпрестижните и најдобрите ресторани и гостилници во градот, што секако ќе биде поттик за подобрување на квалитетот на услугата, односот со гостите, како и на целокупниот амбиент во сите угостителски објекти во Скопје. Тајните купувачи, ангажирани од Агенцијата СВОТ ДООЕЛ- Скопје ги завршија трите обиколки на 100-те угостителски објекти, кои по случаен избор влегоа во трката за „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите 2015“. Тајните купувачи по направената евалуација изготвија извештаи кои се изработени по одредените критериуми и според изнесените резултати ме загрижува податокот дека имаме пад на квалитетот на услугите, односно при завршниот контакт на келнерите со гостите и им порачувам на сите угостители да ја подобрат услугата, бидејќи ние како Град ќе продолжиме да го организираме овој проект и ќе ги изнесувме во јавност придобивките, но  нема да ги премолчуваме и лошите оценки. Сепак, ме радува фактот што за еден процент, односно од 4% се зголемила на 5% оценката за давање  фискални сметки во угостителските објекти на територијата на градот Скопје, изјави градоначалникот Трајановски.

Годинава за  најдобри ресторани се избрани: 1.„Мексикански Амигос“;   2.„Буши“  и „Венето“  , кои го делат второто место поради остварен ист резултат и  3.„Маргер“, а  најдобрите три гостилници се: 1. „Канцона“; 2. „Бисера Ив“ и 3. „Рори“ (Ројал Рустикана).

Кристијана Ивановска од Агенцијата СВОТ ДООЕЛ- Скопје, што го спроведува истражувањето, рече дека годинава во текот на истражувањето коешто се спроведе во периодот од 1 до 30 октомври, од вкупно 100 угостителски објекти,   15 гостилници се  со високи  над 90% и  19 ресторани,  и потенцираше дека и годинава ниту еден угостителски објект не забележал ниски резултати,  односно под 50 %.

Со проектот и година беа  опфатени 50 ресторани и 50 гостилници на територијата на градот Скопје, кои со вкупно 300 посети, или секој по три пати, се оценуваа според следниве  критериуми: прв контакт со вработените, хигиена на објектот, тоалет, амбиент, услуга на келнерите, општа услуга, квалитет на храната и завршен контакт на  вработените со гостите.

Резултатите од истражувањето  беа јавно презентирани пред угостителите во форма на заклучоци и препораки за подобрување на услугата во иднина.

Проектот за избор на Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите произлегува од Програмата за финансирање на проекти за развојот на занаетчиството, угостителството и трговијата на Град Скопје за 2015 година.

Можеби ќе ве интересира

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

Левица: Скандалозните и неделовнички изјави на Гаши, ја ставаат партијата на Мицкоски со 58 пратеници во потчинета положба

Левица: Скандалозните и неделовнички изјави на Гаши, ја ставаат партијата на Мицкоски со 58 пратеници во потчинета положба