Град Скопје реагира: Улицата на Кеј ќе биде само пристапна
Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2015
Откако градоначалникот на Општина Центар излезе и пред граѓаните соопшти дека „со ците сили“ ќе забрани да се гради било што од Проектот 2014 меѓу кои како ги нарече небулозни градби се и шпанските скали и улица на кејот „13 Ноември“ од град Скопје, реагираат дека Жерновски изнесува лаги.
Од таму велат дека станува збор за пристапна улица што ќе се гради на кејот „13 Ноември“, која е предвидена со Детален урбанистички план донесен од Општина Центар, а ќе ја гради приватен инвеститор, напоменувајќи дека оваа улица ја има вцртано друга институција не Град Скопје.
„Дополнително, не е точно тврдењето на Жерновски, кое упорно се обидува да го наметне во јавноста, дека станува збор за "транспортна улица" која се гради на кејот „13 Ноември“. Станува збор за пристапна улица со посебен сообраќаен режим, која нема да биде сообраќајна и истата ќе биде уредена од плочки, а не од асвалт или слично на улицата Никола Вапцаров. За оваа пристапна улица ќе важи посебен режим за движење на моторните возила, поточно истата ќе биде достапна само за службените возила на Телеком, за достава на роба до околните угостителски објекти, како и за пристап на противпожарните возила и возилата на брза помош, кој и сега се движат по истиот простор“, стои во реакцијата на град Скопје.