„ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Е МНОГУ СПОСОБЕН, ЌЕ НАЈДЕ НАЧИН ДА ГИ ЗАТОПЛИ УЧИЛИШТАТА“: Јаневска по апелот на Јакимовски за плаќање на трошоците за греење
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2024 12:32
Министерката за образование и наука Весна Јаневска очекува сите училишта да имаат греење. Како што изјави денеска, на општините им се исплатени блок дотациите, па на градоначалниците, но и на школите и директорите е да се организираат, за да нема проблеми во однос на грејната сезона.
Одговорајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната реакција на градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој повика Владата да го плати заостанатиот долг за греење на основните училишта во оваа општина, Јаневска посочи дека „тој е многу способен и ќе најде начин да ги затопли училиштата“.
- Министерството за обарзование и наука (МОН) дава блок дотации до општините. Блок дотациите им ги исплативме на општините и нема што дополнително да даваме. На градоначалниците, училиштата и директорите е како ќе се организираат за да ја спроведат грејната сезона, така што ова не е прашање што треба да се упати до МОН - нагласи Јаневска по прес-конференцијата за реконструкција на државните студентски домови.
Според неа, ако Јакимовски има дополнитлени барања, „треба да се обрати таму каде што треба, а не до МОН“.
- Очекувам сите училишта да имаат греење, зашто е невозможно без греење да се учи. Верувам дека градоначаникот кој е многу способен, ќе најде начин да ги затопли училиштата - децидна е министерката.
Јакимовски вчера ја повика Владата да ги покрие трошоците за греење на општинските основни училишта во висина од 8,3 милиони денари, зашто локалната самоуправа, рече, не е должна да го прави тоа. Јакимовски нагласи дека минатата година за децата да не останат без греење, Општината издвоила шест милиони денари зашто, исто така, Владата не сакала да ги плати сметките.
Фото: Принтскрин/Фејсбук/МИА
Можеби ќе ве интересира
СДСМ OБЈАВИ 19 КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ: Герасимовски во Центар, Александар Трајановски во Аеродром

ГРЧКИ МЕДИУМ: Двајца капачи се удавија во морето, жена од Македонија и српски државјанин

НА ОДМОР ВО ГРЦИЈА: Maкедонка пријавила дека партнерот ја тепал

ДОБИЈА 30 ДЕНА ПРИТВОР: Нино Васев и Нехат Нухи одат во Шутка поради случајот Онкологија

ИМАЛО ДИСЦИПЛИНСКИ ПРЕКРШУВАЊА: Предложено е разрешување на обвинителот Мустафа Хајрулахи и казна за Јован Цветановски

МЕРКО Е ВИНОВЕН И ТРЕБА ДА ПЛАТИ 10 ИЛЈАДИ ЕВРА: Струшкиот суд донесе пресуда за градоначалникот на Струга

Уапсено уште едно лице, го криел пиштолот на Палчо со кој се егзекутирани Вања и Панче

Петрушевски: Тепачката од Кочани е план за дестабилизација направен во Дубаи меѓу Заев и Филипче, целта е да се сее страв пред избори

„ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА ПАЛЧО“: Адвокатот на Палевски, Јовица Страшески вели ОЈО не доставило доказ за да се докаже вината кај него, бара ослободување
