15 Јануари, 2025
0.0343

Градоначалникот на Арачиново објасни зошто општината има 474 отсто зголемена потрошувачака на струја

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2022

Добивај вести на Viber


Градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибрахими, синоќа во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 објасни зошто оваа општина за месец октомври потрошила за 474 проценти повеќе електрична енергија како локална самоуправа во однос на истиот месец лани.

Новоинсталираните пумпите за вода се причината за евиденцијата на енормно зголемување на потрошувачката на струја, додека минатата година во Арачиново, како што вели Ибрахими,  немало ниту една капка вода.

„Екипите на ЕВН нормално продолжуваат со работа. Надминати се проблемите што ги имавме. Во однос на управувањето со електричната енергија и заштедата, во нашата општина, поради енормното зголемување на потрошувачката на електрична енергија, тоа е затоа што Арачиново почна да се снабдува со вода, откако пред една година немаше ниту една капка вода“ изјави Ибрахими.

Претходно Министерство за економија објави дека Арачиново во месец октомври потрошила 474 проценти повеќе струја отколку истиот месец лани. Освен Арачиново и општините Лозово и Студеничани потрошиле за 12 односно 11 проценти повеќе струја за разлика од лани. Тоа се единствените три општини кои не само што не ја почитувале препораката за намалена потрошувачка, туку истата ја зголемиле.

Ибрахими рече дека екипите на ЕВН нормално си ја продолжуваат работата и дека немаат никакви проблеми и закани од граѓаните на оваа општина и дека тој не е одговорниот кој  може да открие дали се копаат криптовалути во Арачиново.

„Оваа информација кружи, но јас немам механизација да ги проверам граѓаните дома дали имаат ископ на биткоини. Овие информации треба да ги имаат органите на прогонот, јас лично немам информации дали се ископуваат биткоини во Арачиново“, одговори тој.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во шест министерства и две државни институции на протест, бараат за 30 отсто повисоки плати

КОС КАЖА КОЈА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРВА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Што е со Македонија?

КОС КАЖА КОЈА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРВА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Што е со Македонија?

Левица: Со измените на законите би можеле да се вработат лица кои не направиле кривични дела само во последната година

Левица: Со измените на законите би можеле да се вработат лица кои не направиле кривични дела само во последната година

НА МЛАДАТА АНА И Е ПОТРЕБНА НАША ПОМОШ: да ја покажеме нашата хуманост, треба да замине на операција во Германија

НА МЛАДАТА АНА И Е ПОТРЕБНА НАША ПОМОШ: да ја покажеме нашата хуманост, треба да замине на операција во Германија

ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА БРЗАТА ПОМОШ: Дури 254 интервенции заради снегот

ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА БРЗАТА ПОМОШ: Дури 254 интервенции заради снегот

ЦАРИНИЦИТЕ СО БОГАТ ПЛЕН, НЕМА ШТО НЕМА ОД ШВЕРЦЕРИТЕ - еве какви сѐ досетки имале за да криумчарат стока

ЦАРИНИЦИТЕ СО БОГАТ ПЛЕН, НЕМА ШТО НЕМА ОД ШВЕРЦЕРИТЕ - еве какви сѐ досетки имале за да криумчарат стока

СУДИЈКА ОБВИНЕТА ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНА ИСПРАВА: Обвинение има и за сопственици на фирма од Велес

СУДИЈКА ОБВИНЕТА ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНА ИСПРАВА: Обвинение има и за сопственици на фирма од Велес

„СИТЕ ДИРЕКТОРИ ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ ГОДИНИ РАБОТЕЛЕ КРИМИНАЛНО“: Андоновски најавува кривични пријави

„СИТЕ ДИРЕКТОРИ ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ ГОДИНИ РАБОТЕЛЕ КРИМИНАЛНО“: Андоновски најавува кривични пријави

РЕВИЗОРИТЕ БАРААТ УСТАВНА НЕЗАВИСНОСТ – најавуваат засилени контроли, фокусот годинава ќе бидат локалните избори

РЕВИЗОРИТЕ БАРААТ УСТАВНА НЕЗАВИСНОСТ – најавуваат засилени контроли, фокусот годинава ќе бидат локалните избори