Градоначалникот на Крушево го осуди и се огради од говорот на омраза

Објавено во: Македонија 02 Август, 2018 18:12
Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски на Фејсбук се извини за провокациите денеска на прославата на Мечкин Камен.
Имаше пцовки, исвиркување и навреди.
„Како градоначалник и пред сѐ, како граѓанин на Крушево го осудувам говорот на омраза денес на големиот државен празник Илинден на Мечкин Камен, фрлање на отров, кревање на тензии на маса луѓе принудена да дојде да урлика и да манифестираа агресивност, незадоволство, особено кон поканетите гости токму од Ѓорѓе Иванов, амбасадори како што беше рускиот, италијанскиот, американскиот Џес Бејли и г-дин Палмер, трет човек по ред од администрацијата на претседателот Трамп, Владината делегација на Р. Македонија. Тоа што се случи денес не е одлика ниту на илинденците во Илинденското востание кои се бореа за слобода, правда, еднаквост, ниту истото било пишано во Крушевскиот манифест, а најмалку тоа требаше да го направи човек кој е поставен на функција претседател на Р. Македонија кој треба да ги штити и застапува интересите на сите граѓани. Тоа ти е исто како да каниш некој гостин на слава и без причина да го натепаш. Затоа се оградувам, им се извинувам на гостите од мое име и од име на општина Крушево, особено на оние кои беа поканети на чествувањето на празникот на Мечкин Камен а беа испратени на најниско ниво од страна на организаторот институцијата претседател на Р. Македонија, несоодветно со пцовки, урликања, па дури беше фрлано со предмети и камења кон нив, на што изреагирав, демонстративно станав и заминав од Мечкин Камен“ - напиша Христоски на Фејсбук.
Крушево е симбол на слободата, еднаквоста, а Р. Македонија го трасира патот кон ЕУ и НАТО, нови делби и поделби не ни се потребни.
Можеби ќе ве интересира
МАЛОЛЕТНИК БЕСНЕЕЛ СО МОТОЦИКЛ НИЗ ОХРИД - удрил неколку лица, завршил во автомобил и избегал

„Живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца“ - трогателна атмосфера во Кочани

НОВА ТРАГЕДИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ УЛИЦИ - тинејџер (19) загина во сообраќајна незгода, излетал со возилото од патот

„ДИСКО - ШТАЛАТА БИЛА ОСТАВЕНА БЕЗ КОНТРОЛА“: Апасиев со детали за интерпелацијата на Тошковски

ДВЕ ЛИЦА ОД ГОСТИВАР И ЕДЕН ЖИТЕЛ НА БИТОЛА МЕЃУ ЗАГИНАТИТЕ - тројца малолетници се повредени, еве ги деталите од вчерашната несреќа

БРОЈОТ НА ЖРТВИ Е КАТАСТРОФАЛЕН ВО СПОРЕДБА СО ЕВРОПА: министерот Тошковски по вчерашната сообраќајка
АВИОН ПАДНА ВО РЕКА, ИМА МРТВИ: Хорор во Америка (ВИДЕО)

„ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ЌЕ ГИ ПРОСЛАВАТ СО ПОСНА ТРПЕЗА“: се огласи лидерот на СОНК со посебно барање

ПОПЛАДНЕВО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ НА НЕКОЛКУ УЛИЦИ - поради одбележувањето на Велигден посебен режим во ценатарот на Скопје
