15 Октомври, 2024
0.0379

Градот Скопје ја токми изградбата на новиот Луна парк

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Изградбата на новиот Луна парк во Скопје ќе почне следната година и ќе се одвива во фази. Предвидено е новиот Лина парк да се изгради за две години односно до 2018-та година. Според Предлог одлуката за изградба на Забавен парк ( Луна парк), за која советниците на Град Скопје ќе расправаат на закажаната седница следната недела, предвидено за реализација на проектот да се набават следните реквизити:
  • Адреналински реквизити - 2 парчиња,
  • Семејни реквизити – 6 парчиња,
  • Детски реквизии – 18 парчиња,
Во образложението на Градот Скопје се посочува дека деталниот опис и спецификација се предвидени со Идејниот проект од  “Буилд Урбан ДООЕЛ” Скопје од септември годинава, по награденото идејно решение на Конкурсот за избор на идејно и договорот  за изработка на идеен проект, архитектонско урбанистички проект со вклучена ревизија и основен проект со вклучена ревизија за изградба на Забавниот парк. 20150917-kako-kje-izgleda-skopskiot-luna-park-4 (1) -Со цел дополнително да се поттикне визијата на Град Скопје како развиен културно-историски и спортско-рекреативен туристички центар, една од долгорочните цели  на Градот Скопје е реконструкција и изградба на нов и модерен забавен парк, кој ќе понуди нови објекти, повеќе реквизити за забава и возбуда, а во исто време и ќе пружи поголема безбедност за посетителите, во согласност со технолошкиот развој,  европските модерни текови и вкупната економска политика.Врз основа на обемното и конкретно истражување извршено во Студијата за изградба на нов забавен парк во Скопје на „ИДОМ Консалтинг од Шпанија” и Идеен проект со изработен од  „Буилд Урбан ДООЕЛ” Скопје од Септември 2015 година, се согледани можностите за негова изградба согласно условите пропишани во табеларните и графичките прилози на ДУП-от „ Централен градски парк-Блок 3. 2011-2016- Општина Карпош, стои во Предлог-одлуката на Град Скопје. Новиот Луна Парк ќе се гради на локацијата на стариот Забавен парк, на површина од 84.040 метри квадратни. Првично беше предвидена површина од 26.563 м2, со можност површината на локацијата на постоечкиот забавен парк да се зголеми до 40.000 м2. 20150917-kako-kje-izgleda-skopskiot-luna-park-3 Носител на инвестицијата за изградба на Луна паркот е Градот Скопје, а прите за изградба, набавка и монтажа на реквизитите ќе се обезбедат од Буџетот на Град Скопје. За следната година од градската каса за реализација на овој проект се планирани 3.845.528 евра. Според проектот, предвидено е во новиот Луна парк да има и административни објекти, нови забавни реквизити за возење во согласност со Европските стандарди за безбедност, објекти за служење на храна и пијалоци, дел за продажба на сувенири, затворен дел за играње, паркинг простор, соодветна техничка инфраструктура, тематизација на паркот. Од Градот посочуваат дека со инвестицијата се очекува да се генерираат зголемени приходи од работењето на забавниот парк,кој ќе има капацитет на годишна посетеност од 200.000 посетители, најмногу семејства и деца до 15 години. Дополнително Советот на Град Скопје со посебна одлука ќе го уреди управувањето со објектите и опремата(реквизитите) во Забавниот парк. 20150917-kako-kje-izgleda-skopskiot-luna-park-5 На конкурсот за избор на идејно решение победи тимот ,,Лунар”, а автори на победничкото решение се Климент Патчев, Филип Конески, Марјан Димиќ, Борис Јурмовски и Борко Георгиев. Инспирацијата за дизајнирање на паркот ја добиле од анимираните филмови поврзани со футуристичкото гледање кон иднината. Според нивното решение е предвидено луна паркот да има ,,луда железница” и адреналински столб. За децата ќе има летачки рингишпил и балонски замок. Во Луна паркот ќе има и кино, водени тобогани, автодром и летачки рингишпил. Предвидено е да се изгради и набљудувачка кула покрај ресторанот во паркот од каде ќе се гледа целиот парк и зоолошката градина, а исто така ќе биде подигнат и воз на столбови кој ќе се движи низ целиот парк. Три години градските власти се обидуваа да најдат концесионер за изградба на новиот Луна парк. Досега има неколку пропаднати тендери, или немаа комплетна документација а и имаш и случај како последниот на тендер, кога не беше стигната ниту една понуда. Во обид да се најде инвеститор за јавно-приватно партнерство, Градот неколку пати ги менуваше и условите јавните огласи. По неуспешните обиди, сега инвеститор ќе биде Градот. Првично инвестицијата беше проценета на 12 милиони евра, па потоа се намали на 7 милиони евра. Колку навистина ќе чина реализацијата на овој проект засега не е познато. Но изминатите години додека се бараше инвеститор, во секој буџет беа планирани пари за оваа намена. За годинава во градската каса беа предвидени  430.894 евра за изградба на новиот Луна парк. Опозициските советници на една од седниците на градскиот Совет побараа парите наменети за изградба на Панорамското тркало  во вредност од  15,5 милиони евра да се пренаменат за изградба на новиот Забавен парк. Советниците од опозицијата тогаш изјавија дека компаниите не се пријавуваат на тендерот затоа што сметаат дека нема да им се исплати инвестицијата, особено затоа што и во самиот проект е наведено дека паркот во моментот работи на границата на рентабилност. Но, градоначаникот Коце Трајановски, тогаш изјави дека нема да има потреба да се избира, бидејќи Градот е подготвен од сопствен буџет да ја финансира обновата на Луна паркот, но и дека ќе побара финансиска помош и од Владата. Инаку токму изградбата на новиот Луна парк, беше и еден од адутите во текот на изборната кампања на  кандидатот и сегашен градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски. Р.Ф

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО НИВ: Исчезнаа тројца тинејџери

ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО НИВ: Исчезнаа тројца тинејџери

НАЈЧЕВСКА ЗА АЛБАНСКАТА АКАДЕМИЈА: Мислам дека граѓаните од сите етнички групи треба да се спротистават на ваков вид на измотавање на градоначалниците

НАЈЧЕВСКА ЗА АЛБАНСКАТА АКАДЕМИЈА: Мислам дека граѓаните од сите етнички групи треба да се спротистават на ваков вид на измотавање на градоначалниците

НАЈМНОГУ ТУРИСТИ ИМАМЕ ОД ТУРЦИЈА И СРБИЈА: Која е третата земја која изненади со голем број посети?

НАЈМНОГУ ТУРИСТИ ИМАМЕ ОД ТУРЦИЈА И СРБИЈА: Која е третата земја која изненади со голем број посети?

РАМА ЖАЛИ ШТО МАКЕДОНИЈА ЗАОСТАНА НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ: Историјата не може да биде причина за запирање на пристапните преговори

РАМА ЖАЛИ ШТО МАКЕДОНИЈА ЗАОСТАНА НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ: Историјата не може да биде причина за запирање на пристапните преговори

ЌЕ ЈА ФИНАНСИРААТ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ОД „ВРЕДИ“: Почнува со реализација Албанската академија на науки

ЌЕ ЈА ФИНАНСИРААТ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ОД „ВРЕДИ“: Почнува со реализација Албанската академија на науки

Бербок до Муцунски: ЕУ засега одлучува само едногласно

Бербок до Муцунски: ЕУ засега одлучува само едногласно

ОТКРИЕН ИДЕНТИТЕТОТ НА ЛИЦАТА КОИ ПУКАА ВО ЧАИР - од четворица, двајца се затвореници од Идризово, кои користеле излез

ОТКРИЕН ИДЕНТИТЕТОТ НА ЛИЦАТА КОИ ПУКАА ВО ЧАИР - од четворица, двајца се затвореници од Идризово, кои користеле излез

„НАЈМАЛКУ ИМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ОВАА ТЕМА“: Митева контра предлогот на Османи „се сомневаме во нивните намери“

„НАЈМАЛКУ ИМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ОВАА ТЕМА“: Митева контра предлогот на Османи „се сомневаме во нивните намери“

„ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Е МНОГУ СПОСОБЕН, ЌЕ НАЈДЕ НАЧИН ДА ГИ ЗАТОПЛИ УЧИЛИШТАТА“: Јаневска по апелот на Јакимовски за плаќање на трошоците за греење

„ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Е МНОГУ СПОСОБЕН, ЌЕ НАЈДЕ НАЧИН ДА ГИ ЗАТОПЛИ УЧИЛИШТАТА“: Јаневска по апелот на Јакимовски за плаќање на трошоците за греење