Добивај вести на Viber
Вкупниот буџет на Град Скопје за следната 2016-та година ќе изнесува 112.060.747 евра. Според проекциите, на приходната страна најмногу приливи или близу 31 милион евра, се очекуваат по основ на данок за имот, такси и дозволи за вршење дејности, данок на доход, данок од добивка, капитални добивки. Од глоби, судски и административни такси, надоместоци и претприемачки приходи, во буџетот се очекува да се слеат нешто повеќе од 7,5 милиони евра. Останатите приходи се по основ на донации, дотации, трансфери и капителни приходи.
Догодина од вкупниот буџет најмногу пари или близу 52 милиони евра ќе се одвојат за капитални трошоци. Над 6,5 милиони евра се предвидени за социјални трансфери и субвенции, од кои најголема е ставката за субвенции за Јавните претпријатија кои се под капата на Град Скопје, и изнесува 4.369.105 евра.
[caption id="attachment_73320" align="aligncenter" width="510"]
Се реактивира идејата за подземна сообраќајница[/caption]
Според податоците од основниот буџет на Град Скопје, градските власти догодина ќе имаат на располагање близу 78.029.528 евра за тековни и капитални расходи што е за 21 процент повеќе од ланските 64 милиони евра. Од оваа сума, најмногу пари се планирани за секторот за планирање и уредување на прсторот. Дел од проектите Градот Скопје ќе ги реализира со кредити, за што планира задолжување во висина од околу 3,9 милиони евра.
[caption id="attachment_175680" align="aligncenter" width="514"]
Луна паркот конечно влезе во проектите[/caption]
И догодина ќе има пари за изградба на Градската куќа, подземната сообраќајница од Влада до Народна банка, за изградба на новиот Луна Парк, за нови фасади.
Еве дел од планираните проекти на Град Скопје за следната година:
Останатите проекти се однесуваат на изградба на нови улици, реконструкција на веќе постоечките улици и булевари, изградба на атмосферска и фекална канализација, игралишта, манифестации, проекти во областа на образованието, сообраќајот,културата, социјалата и друго.И следната година Градот Скопје ќе им помага со субвенции на дел од јавните прептпријатија под негова надлежност. Субвенции ќе добијат ЈП Улици и патишта, Коунална хигиена, ЈСП Скопје, Паркови и зеленило. Така од градската каса ЈП Паркови и зеленило догодина ќе добие субвенции во висина од 351.219 евра за Фестивал на цвеќето, набавка на пајтон, стакленици, подобрување на финансиската состојба.
[caption id="attachment_12500" align="aligncenter" width="507"]
Одржување на фасади и згради, изградба на нови[/caption]
За заштита на животната средина, од градскиот буџет за догодина се планирани околу 610 илјади евра за реализација на активностите од Програмата за заштита на животната средина и природата на подрачјето во Скопје. Од оваа сума најмногу пари или околу 208 илјади евра се предвидени за заштита и напредување на заштитени објекти. Останатите активности се во делот на заштита на воздухот, водата и почвата, и активности во областите на животната средина, отпадот, бучавата, нејонизирачкото зрачење, природата, биодиверзитетот, климата. Ќе се гради долгонајавуваната Ботаничка бавча, а предвидена е и изработка на Зелен катастер. За тоа што најмногу ги интересира скопјани, решавањето на проблемот со загаденоста на воздухот, градските власти планираат да одвојат 108.130 евра за заштита на амбиентниот воздух, од нив само 40 илјади евра ќе бидат за набавка на препаратот калциум магнезиум ацетат за прскање на улиците за намалување на штетното влијание на ПМ 10 честичките.
[caption id="attachment_187878" align="aligncenter" width="521"]
Проект за крстосница на 2 нивоа кај Судска палата[/caption]
Во буџетот за следната година се испланирани 3.487.84 евра за плати, надоместоци и придонеси за градската администрација. За плати и надоместоци за градоначалникот се планирани 29.186 евра, a за советниците 260.162 евра. За Предлог Буџетот за 2016-та година, имаше поднесено 140 амандмани од опозицијата, а советниците од Град Скопје дебатираа до доцна вчеравечер. Дел од амандамните на советниците од Коалицијата “Сојуз за иднината”, се однесуваа на намалување на сумите за одредени ставки, за да се зголемат парите за други сектори. Така побараа да се намали сумата за одржување на фонтани и спомен обележја а да се зголемат парите за изградба на велосипедски патеки, помалку пари за пајтон,фасади, видео записи за Град Скопје, возила а поголема сума за изградба на надвозници и пешачки мостови и друго.
Т.С