06 Октомври, 2024
0.0707

ГРАФИКА: Европа се бори да најде работа на долгорочно невработените!

Објавено во: Економија 01 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Во последните шест години долгорочната невработеност во Европа има сериозен раст. Околу половина од 25-те милиони невработени на стариот континент се без работа повеќе од една година. Над 12% не работеле над 4 години, коментира Economist. Заедно со зголемувањето на нивото на сиромаштијата, проблемот носи дополнителни тешкотии кои можат да ја претворат во самоодржлива невработеноста. Вештините се забораваат, увереноста исчезнува, продуктивноста се забавува и ризикот од влошување на здравјето се зголемува. Предизвикот пред политичарите е да ја спречат имплементацијата на оваа циклична невработеност во структурна. nevrabotenost1 Не е изненадување дека проблемот е особено сериозен во Јужна Европа. Повеќе од 60% од невработените Италијанци не работеле повеќе од една година, а во Грција, тој изнесува 70%. Високите нивоа на долгорочна невработеност делумно се должи на фактот дека Италија како целина има високи нивоа на невработеност како резултат на тешката рецесија и нефлексибилните пазари на трудот. Нешто повеќе, економските проблеми ги напојуваат политичките. Невработените луѓе се многу повеќе склони да не им веруваат на политичарите и Европската Унија (ЕУ). Тоа, од своја страна, ги зајакнува повеќе позициите на евроскептиците и популистите. nevrabotenost2 Проблемот е особено сериозен во новите земји членки на ЕУ од Источна Европа. Но за разлика од Јужна Европа, многу од овие земји имаат неодамнешно искуство со висока долгорочна невработеност поради рецесиите во крајот на минатиот век и почетокот на овој. На некои места сепак долгорочната невработеност се задржала покрај економското закрепнување. Словачка помина низ сериозна ресеција во 1999 година, но економскиот раст од 2000 до 2007 година се забрза, а вкупната невработеност падна. И сепак бројот на трајно невработените расте и изнесува 75% од вкупната невработеност, бидејќи вработените кои ја изгубиле работата во лоши години, не добиле работа откако економските услови се подобрија. nevrabotenost3 Во побогатите делови на Европа како долгорочната, така и краткорочната невработеност претставуваат помал проблем. Германија единствена во ЕУ каде е намалено како нивото на вкупната невработеност, така и на долгорочната од 2009 година благодарение на флексибилниот пазар на трудот (и не толку дарежлив систем за невработеност). За разлика од неа Ирска, која беше опустошена од банкарска криза, доживува тешкотии во враќањето на долгорочно невработените назад на работа. Иако нивото на општа невработеност е намалено, околу 100 000 луѓе (или 42% од оние на редиците пред канцелариите за труд) се без работа повеќе од две години. nevrabotenost4 Како речиси секогаш, Скандинавија се претставува најдобро во Европа. Трите скандинавски земји во ЕУ имаат најниски нивоа на долгорочна невработеност - меѓу 19% и 25% од вкупната невработеност. Овие ниски нивоа се делумно како резултат на полесните рецесии и мерките на пазарот на трудот. Шведска, на пример, претстави шеми за обука и даночни кредити во градежната индустрија, кои помогнаа за тоа вештините во секторот да се задржат и да се стимулира побарувачката. Но како резултат на високите стапки на невработеност во остатокот на Европа политичарите ќе треба да направат многу повеќе од тоа, за да ги вратат трајно невработените назад на работа. nevrabotenost5 Обработка: К.К. Извор: Economist

Можеби ќе ве интересира

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?