15 Јануари, 2025
0.0373

ГРЕШКИТЕ ВО АРХИТЕКТУРАТА НЕ СЕ ПОПРАВААТ: Во Центар да се спаси тоа што може!

Објавено во: Македонија 14 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Реакциите и влијанијата за деталниот урбанистички план за Дебар Маало се  задоцнети, грешките во архитектурата тешко се поправаат, а во урбанизмот се непоравливи, укажуваат од асоцијацијата на архитекти. Оттаму велат дека во сегашната ситуација треба да се спаси и она малку што е останато во општината Центар. -Сега треба да се види кој е тој јунак што може да го спаси и она малку што остана, а не остана речиси ништо. Општината мора да реагира уште при нарачување на планот, урбанистите, архитектите, надворешните консултанти во општините, Министерството за транспорт и врски и Градот Скопје се оние кои потпишуваат за издавање на одобренијата, тоа се оние исти луѓе кои потпишаа да се изгради се она што го гледаме. Само во зависност од тоа која партија е на власт им се менува нивото на функцијата, но тие се секогаш таму.  За парадоксот да биде поголем Дебар маало е местото каде становите најлесно се продаваат и имаат највисока цена. Како тогаш да видат дека ДУП – от е лош? На прашањето дали со новиот ДУП за Дебар Маало  предвидениот објект за општината од 15 спрата, можел да се намали во висина, одговорот е дека не знаат бидејќи до сега никој никогаш не побарал смалување на квадратура за градба, туку само зголемување,  Јавна анкета на која “дебармаалци“ приложиле жалби!? Добро би било да се видат нивните жалби, токму на “дебармаалци“ каде се жалат дека зеленилото на парцелата им е намалено, новопредвидената квадратура им е преголема, просторот за паркирање им е премногу и со тоа негативно се влијае на јавниот живот на заедницата. Истите тие “дебармаалци“ утре ќе добијат околу 30% од изградената површина и ќе бараат начини да решат станбено прашање на 3 генерации на сметка на трошните куќи во кои живееле. Па бараат во 38,4 м2 квадратни двособни станови, во 58,2 м2 трособни, (бидејќи таа квадратура ни помалку ни повеќе им следува) инвеститорот ќе се сложи дека такви станови најдобро се продаваат. Во меѓувреме се откупило земјиштето кој за 9 еур/м2, а кој имал повеќе среќа за 1 еур/м2, се легализирале дивоградби со што се гордеат и градоначалниците, па им се зголемила површината за градење и во тој зачаран круг и општ хаос да се очекува урбанизам и архитектура е невозможно,  вели Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ, претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.  Што содржи планската документација за Дебар Маало? Архитектите урбанисти посочуваат дека секој Детален урбанистички план се изработува врз основа на предходна планска документација. Еве како изгледа планската документација за ДУП Дебар Маало, која го опфаќа локалитетот Детален урбанистички план за Градска Четврт З 10, Локалитет Дебар Маало 1 и дел од Дебар Маало 2, Општина Центар, а истата е  изготвена и третиранa во:
  • Генерален урбанистички план за град Скопје од 2012 година.
  • Урбанистички план за четврт З10, Скопје –плански период 2013 - 2022 год. (Одлука бр. 07-6508/1 од 25.09.2014 год.)
Каде се предвидуваат основни намени: А- ДОМУВАЊЕ, В – ЈАВНИ ИНСТИТУЦИИ ( В1-образование и наука, В2-здравство и социјална заштита и В3-култура) и М (А+Б) – МЕШОВИТА НАМЕНА
  • Детални урбанистички планови: - ДУП за Градска четврт “Дебар Маало 1” ,Општина Центар (Одлука бр. 07-9816/4 од 21.12.2012 год.) - ДУП за Градска четврт “ДЕБАР МААЛО 2“, Општина Центар (Одлука бр. 07-3727/2 од 28.12.2009 год.) - ДУП Изменување и дополнување ба ДУП “Дебар маало 2” Дел од Блок 14, Општина Центар (Одлука бр. 07-2138/4 од 31.05.2011 год)
  Членките на Асоцијацијата посочуваат  дека честите менувања на ДУП - овите се должат на повеќе фактори, меѓу кој е промената на Генералниот урбанистички план за Град Скопје, но исто така и зголемување на потребите на самите корисници на просторот. -Предвиденото решение на местото на бараките на Општина Центар 01.19 кое е со висина од Н=55,0м и катност П+15 м е превземено од моментално важечкиот ДУП за Градска четврт “Дебар Маало 1” ,Општина Центар (Одлука бр. 07-9816/4 од 21.12.2012 год.) и тука нема спорна полемика. Треба да се нагласи дека со урбанистичкото планирање се врши сукцесивно зголемување на стекнатите права по основ на сопственост на градежно земјиште, хуманизација на просторот како и зголемување на вредноста на земјиштето. Но не може да се затвараат очите при секој потег.На просторот на парцелата на Министерството за култура, доградбата е дозволена со Посебни заштитно-конзерваторски услови за заштитените добра каде стои *Споменик - Зграда на улица “Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61 во Скопје (КП 9819) - Задржување на постојната состојба на објектот; изведување конзерваторско -реставраторски работи на фасадите; можност за адаптација на ентериерот за потребите на намената; можност за изградба на нов објект на празниот дел од катастарската парцела, со габарит и висина според условите на катастарската односно градежната парцела. Почитувањето на насоките од заштитно - конзерваторски основи кои се изработени за целиот плански опфат е основно начело при изработка на Деталните планови и нема можност од негово игнорирање заради Правилниците и Законите за урбанистичко планирање кои се на сила, вели Раѓеновиќ-Јовановиќ. ААМ: Сегашните Правилници треба да се променат Според дел од архитектите сегашните Правилници според кои се изработуваат ДУП-вите треба да се променат, а во промената треба да учествуваат и планиреите и корисниците на просторот. Укажуваат дека градоначалниците и урбанистите во општините треба да проценат што е тоа што му треба на еден ДУП. -Меѓутоа последниот збор го има Министерството за транспорт и врски кое стои во сенка и кое ја дава согласноста, се разбира по диктат на власта. Ова е постапката и законската регулатива која мора да се почитува кога се изработува еден ДУП. Таа е законски регулирана, претставува еден ланец по кој се спроведува урбанизмот за потребите на оние кои имаат бизнис интерес. Урбанизацијата претставува одреден квалитет на општествени односи и начинот на живот. Просторните планери и урбанистите влегоа тоатално неподготвени во периодот на транзиција, каде просторот од ресурс стана роба за продавање, посочува Раѓеновиќ-Јовановиќ. Проблемите почнаа со распадот на големите заводи за урбанизам Случувањата со ДУП-от за Дебар Маало, но и дел од политичките бомби што ги објави СДСМ, а со кои како што тврди опозицијата се докажува како власта врши притисок за измени на дел од деталните урбанистички планови за лични цели,  во јавноста  отворија сериозни прашања.Како се подготвуваат урбанистичките планови и дали за сметка на бизнис и политички интереси се занемарува функционалноста на плановите и јавниот интерес? Дел од архитектите проблемот го лоцираат и  во распадот на големите заводи за урбанизам. -Големите заводи за урбанизам се распаднаа и од нив произлегоа мали фирми каде вообичаено работат урбанисти кои некогаш работеле во споменатите заводи. Истите тие урбанисти кога работеле во тие заводи не ги изработувале ДУП-овите на начин на кој што  ги изработуваат денес. Се правеле сериозни анализи, се излегувало на лице место, се планирал развој, се почитувале основните начела за добивање поквалитетен простор за живеење, не само квантитет. Кога се говори за Урбанистички планови во Скопје никако не може да се говори за просторно планирање, развој и архитектонско – урбанистичко размислување, анализа, проектирање на просторот, а најмалку за креативност. ДУП-овите се прават на постоечки сообраќајници и инфраструктура кои немаат капацитет да ја опслужат зголемената квадратура за градење, а со самото тоа и бројот на жители и автомобили. Најчест изговор кај урбанистите е дека креативност никој и не им бара, а и дека условите зададени во правилниците и состојбата на лице место тоа не го дозволува. Најчесто нарачател (инвеститор) на ДУП-овите се општините, понекогаш и приватни инвеститори кои ги финансираат измените во ДУП-от водени само од една единствена причина, добивање на што поголема квадратура за изградба без разлика на последиците што тоа ќе ги донесе. Планирањето директно зависи од потребите на нарачателот, а никако од општествените потреби, јавниот интерес, одржливиот развој и се разбира убав град. Системот на урбанистичко планирање е во спрега со инвеститорот, а архитектот е протагонист. Одговорот е секогаш дека планот е во согласност со Законот и Правилниците, кои се свесно направени како би можело да се спроведе нарачаното, вели Раѓеновиќ-Јовановиќ. ДУП-овите се бојно поле на кое се прекршуваат желбите на инвеститорот Не само ДУП-вите на чести измени се подложни законските решенија. Честопати се случува проектите за кои е добиено одобрение за градење да не се исти со изведената состојба, коментираат урбанистите, а проблемот го лоцираат во планирањето на урбанизмот по катастерски парцели. -Згора на се урбанизмот се планира по катастерска парцела, (сопственост на земјиште) здружување на парцели е оставено на сопствениците, ако успеат да се договорат. На овој начин од катастарските парцели неминовно произлегуваат и градежни парцели со ширини од 10 м и потесни, (минимална ширина за паркинг место е улица 5,5м и должина на паркинг 5 м) слободни само од две страни (нормално пократките), форми на градежни парцели каде е невозможно да се испроектира квалитетен простор. Паркирањето е секогаш во рамки на сопствената парцела. Според Закон, Правилник за урбанистичко и за архитектонско проектирање, Правилник за заштита од пожари и зададени урбанистички параметри ниту една локација не ги задоволува условите за паркирање, а сите изведени објекти имаат Одобрение за градење.Проектите на кои е добиено одобрение за градење се разбира не се исти со изведената состојба. Но и за тоа се пронајде начин, па во Закон за градење се укина проект на Изведена состојба, измените се прават со Анекс на Основен проект (може и повеќе анекси), на технички прием веќе не оди општината, туку надзорот, изведувачот и инвеститорот, вели Раѓеновиќ-Јовановиќ. Генералната оценка на дел од архитектите урбанисти е дека деталните урбанистички планови во Скопје се лоши во речиси сите општини, со исклучок на делови од општината Аеродром, а  ДУП-вите се сведени на бојно поле на кое се прекршуваат желбите на инвеститорот за што повеќе квадрати и  што поголем профит. Ј.С  

Можеби ќе ве интересира

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ