Груевски: Ниту едно ставање во затвор нема да ме уништи од меморијата на македонскиот народ
Објавено во: Македонија 04 Септември, 2018
„Јас одлучив да не се појавуваме во Апелациониот суд, ниту јас ниту моите адвокати. нека донесат таква пресуда како што прифатиле. Ова се политички процеси, но сето ова ќе се преиспита кога народот ќе си ја врати власта во свои раце“, рече поранешниот премиер Никола Груевски најавувајќи ја пресудата на Апелација за случајот на СЈО за преплатениот „мерцедес“ за која првостепено доби двегодишна затворска казна.
Вака само ќе ме направите поголем, а вие ќе се направите мали, порача Груевски.
„Некому политички му пречам и сака да бидам затворен. Судот одби да се преиспита нашето барање за авторитетот на судијата. Верува дека е потенцијално уценета, затоа што овој период за неа одлучува Судскиот совет. Таа не е нестручна, но може да биде уценета. Независно од тоа, таков судија не може да биде непристрасен.
Кога не би постоел политички судии, веројатно овие судии сами би се изземале и не би суделе вакви случаи“, рече Груевски од прес-центарот на Собранието на РМ и замина без новинарски прашања.