Гугл Мапс за Андроид и „iOS“ имаат нов изглед
Објавено во: Мои пари 06 Ноември, 2014
Гугл донесе нов, свеж дизајн на Гугл Мапс за Андроид и Ајфон, кои доаѓат во облик на „Material Design“.
„Material Designa“ е откриен во текот на јуни, а вклучува нов изглед со палета на бои, освежена иконографија, типографија и хиерархија на интерфејсот. Сега овој дизајн пристигна и на Гугл Мапс на мобилните уреди. На својот блог, Гугл наведува дека „во текот на наредните неколку дена, кога отворите Гугл Мапс на својот Андроид или Ајфон уред, ќе ве поздрават весели бои и свеж, нов дизајн, слоеви и тастер оживуваат така што корисникот знае каде треба да притисне за да добие насока, совет и фотографија“.
Една од новите измени на Гугл Мапс за Андроид и Ајфон вклучува и страница со информации во дното на екранот, која открива фотографии, описи и други информации.
Покрај „Material Design“ Гугл Мапс интегрира и сервиси како што се Опен Тејбл (во Америка) како и Убер за оние кои ја имаат инсталирано оваа апликација. Се очекува Гугл Мапс за Андроид и Ајфон корисниците да стигне во наредните денови.