Хаосот во ОУ „11 Октомври“ ги извади на штрајк наставниците
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2015
Немаме плата веќе неколку месеци, имаме двајца директори и трпиме мобинг. Овој хаос не се издржува затоа денес нема да има настава и покрај тоа што децата ќе бидат примени-велат наставниците од ОУ „11 Октомври“ .
Вработените во училиштето каде се случува хаос цврсто стојат зад одлуката за штрајк и не се знае до кога ќе трае истиот.
Децата утрово се згрижени во училиштето, но сепак настава нема.
Политичките препукување меѓу општина Центар и Министерството за образование и нерешениот проблем со двајцата директори е проблем со кој се соочуваат наставниците од почетокот на оваа учебна година.