И Груевски во вестите на ХРТ - Веднаш на нови избори или платформата да се повлече
Објавено во: Македонија 05 Март, 2017
Екс премиерот Никола Груевски невообичаено за него даде интервју за ХРТ веднаш откако тоа го направи неговиот конкурент Зоран Заев, но бранејќи ги своите ставови дека мора да се оди на нови избори или пак, СДСМ да се откаже од албанската платформа и ќе добие поддршка да состави малцинска влада од ВМРО-ДПМНЕ.
На прашањето зошто сега е спорна Албанската платформа, а во 2008 беше постигнат сличен договор со ДУИ, Груевски одговори:
- Не, воопшто не. Тоа е многу различно. Ова што сега се прави е спротивно на Уставот на Македонија. Се оди кон бинационална држава, се занемаруваат другите етнички заедници во Македонија, како што се Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите, Хрватите зошто да не? Така што сите се ставаат во една споредна позиција, а се фаворизира само една, се фаворизира албанската етничка заедница, а тоа се прави неуставно, тоа се прави без да се најави на изборите, со платформа потпишана во друга држава под покровителство на друг премиер, на премиерот Еди Рама, што вчера беше потврдено и од една од партиите која учествуваа таму, партијата БЕСА, која јавно кажа дека целата идеја и целото пишување на платформата било под покровителство на државата, Република Албанија.