И историскиот споменик „Ибни Пајко“ ќе се фасадира во барок
Објавено во: Македонија 27 Април, 2016
Познатиот објект „Ибни Пајко“ на плоштадот „Филип Втори“ во центарот на Скопје ќе добие лик како објектите од стилот на Скопје 2014.
За изработката на проектот веќе е распишан тендер, а како што пренсува порталот билд.мк Град Скопје брза да го промени изгледот на препознатливото здание
Граѓаните на главниот град за изработка на проектната документација ќе треба да платат 1.016.949 денари, без вклучен ДДВ. Градот Скопје ги очекува понудите на заинтересираните субјекти најдоцна до 3 мај. Дизајнот на маркантното здание „Ибни Пајко“ е изработен од архитект Михо Чакеља. Ова историско здание од старо Скопје е изградено во 1938 година.
Градските власти засега не излегуваат со официјално објаснување за причините поради кои треба да се промени изгледот на објектот. И покрај тоа што минаа неколку месеци од првичните најави на Град Скопје, од Националниот конзерваторски центар нема реакција околу претстојното уништување на изгледот на зградата, која е дел од архитектонското наследство на главниот град.
Извор: билд.мк