И тоа го има! Во која голема македонска фирма сите членови на Управениот одбор земаат по 200 евра месечна награда?
Објавено во: Анализа 30 Јуни, 2025 08:31
Најголемиот акционер, кој поседува над 82% од сите акции со право на глас, зема иста месечна награда како и секој од осумте члена на управата на ГД Тиквеш, најголемиот македонски производител на грозје. Токму овој пристап на еднаквост ова друштво го прави единствено во македонскатата корпоративна заедница која бори повеќе од 100 акционерски друштва кои објавуваат податоци на Македонската берза за хартии од вредност
ГД (Гоце Делчев) Тиквеш од Кавадарци е најголемиот македонски производител на трпезно и на винско грозје. Одгледува винско и трпезно грозје на површина поголема од 800 хектари во Тиквешијата. А има овошни насади на уште 150 хектари.
Оваа компанија под водство на искусниот технолог-агроном Ристо Милев успешно опстојува на македонскио аграрен сектор повеќе децении. Ристо Милев освен што е претседател на Управниот одбор воедно е и најголем акционер во таа компанија. Поседува 82,7 отсто од сите акции со право на глас. ГД Тиквеш со седиште со кавадаречкото село Возарци има уште над 500 акционери домашни физички лица кои поседуваат околу 15 отсто од акциите во таа компанија. Која воедно е и најголем снабдувач со винско грозје на најголемата македонска винарска визба Тиквеш.
Што го прави ГД Тиквеш посебен, а потсетува на социјализмот?
Ристо Милев е единствен мнозински сопственик, а воедно и член на Управниот одбор, кој зема иста награда како и сите други 8 члена на управата. Наградата за Ристо Милев, Иле Стојанов, Блашко Калуѓеров, Маја Бошева, Горан Стојанов, Атанас Ристески, Јорданчо Ѓорчев, Љупчо Костов и Васко Митревски изнесува 12.000 денари месечно. Нема привилегирани, за сите ист износ. Јавно и транспарентно, со одлука на собрание на акционери.
Повеќе детали за оваа успешна македонска компанија може да прочитате на следниот линк https://faktor.mk/koj-e-najgolemiot-proizvoditel-na-grozje-vo-makedonija-zaraboti-66-milioni-evra-za-edna-godina
ГД Тиквеш е тоа како важен за македонската винска индустрија. Македонија е 21 најголеми извозник на вино во светот.
Р.Ф
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





