30 Јануари, 2025
0.0319

Им треба ли ветер во грб на жените од руралните средини за почнување на бизнис?

Објавено во: Македонија 04 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Македонските жени кои живеат во руралните средини не се гледаат себеси во претприемачки води.

Ова го покажа истражување направено во Пелагонискиот регион. Анкетирани беа 350 испитаници, мажи и жени, во општините Новаци, Могила, Кривогаштани,  Крушево,  Битола,  Прилеп, Ресен, Демир Хисар и Долнени, во рамки на проектот „Од рурална жена до успешен претприемач, без стереотипи и дискриминација на местото истражување и анализа“. Во текот на анкетирањето жените кажале дека немаат време, финансиски средства, дека се дискриминирани во однос на мажот, отсечени се, и ред други фактори придонесуваат да не размислуваат за свој бизнис. 

„Во дополнителното истражување испитаничките  одговараа на неколку прашања со избор на скала од 1 до 5 каде 1 е  најниско  ниво, а имаа можност и да дадат  дополнителни коментари на истите. Поставените прашања  во просек беа околу 3-то ниво, како најслаби на скалата беа прашањата: Колкави се шансите да се остварите како претприемач? На скалата помеѓу 1 и 2 во просек. На кое ниво е развиена свеста за важноста на придонесот на жената, одговорија на скала помеѓу 2 и 3 во просек. Дали нивната идеја за воведување на новитети во земјоделието е слушната и вреднувана? Одговорија на скала до 3 во просек“, вели Билјана Ристевска, ангажирана за проектот.

Бројот на жени носители на земјоделско стопанство во Пелагонискиот регион се зголемува, но уште е далеку зад оној на машки носители.

Светлана Петковска од Организација на жени Битола вели дека во рурланите општини Новаци и Могила, жените не се заинтересирани за отворање на свој бизнис.

„Во текот на минатата година направив анкета во 31 село во Општина Новаци, лично појдов таму, и навистина едукација е потребна, но интересот за почнување сопствен бизнис е многу слаб. Слична е состојбата и во Општина Могила. На жените од овие средини им е полесно да работат за плата во Битола, отколку да почнат свој бизнис“, изјави таа.

Додава дека жените во овие средини биле едуцирани како можат да почнат свој бизнис, но таму владее апатија, и жените првенствено мислат дека парите се пресудни за да покренат бизнис.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА СЕ СЛУЧИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ - во сообраќајна несреќа настрада девојка

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА СЕ СЛУЧИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ - во сообраќајна несреќа настрада девојка

ПРОНАЈДЕНО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА СКОПСКА ЦРНА ГОРА - странски државјанин спасен откако пријавил во Германската служба за помош на пат

ПРОНАЈДЕНО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА СКОПСКА ЦРНА ГОРА - странски државјанин спасен откако пријавил во Германската служба за помош на пат

„ГРАД СКОПЈЕ РАСПОЛАГА СО ДРОН ЗА СЛЕДЕЊЕ ДИВИ ДЕПОНИИ И ПОЖАРИ“: поранешниот советник Мухамеди тврди 'на градоначалничката не и беше интересно'

„ГРАД СКОПЈЕ РАСПОЛАГА СО ДРОН ЗА СЛЕДЕЊЕ ДИВИ ДЕПОНИИ И ПОЖАРИ“: поранешниот советник Мухамеди тврди 'на градоначалничката не и беше интересно'

СЕ СЛАВЕШЕ ВО ДОМОТ НА АНТОНИО МИЛОШОСКИ - пратеникот сподели фотографија од целото семејство

СЕ СЛАВЕШЕ ВО ДОМОТ НА АНТОНИО МИЛОШОСКИ - пратеникот сподели фотографија од целото семејство

БЛАЖЕВСКИ, ЦВЕТКОВИЌ И ЃУРЧЕВСКИ СЕ ИДНИТЕ АМБАСАДОРИ - еве кои се места ќе бидат променети

БЛАЖЕВСКИ, ЦВЕТКОВИЌ И ЃУРЧЕВСКИ СЕ ИДНИТЕ АМБАСАДОРИ - еве кои се места ќе бидат променети

„АРАМ ДА ВИ Е СЕКОЈ ДЕНАР МИТО ЗЕМЕН ОД ПАЦИЕНТ“: Доктор Лазаров со жестока критика кон колегите

„АРАМ ДА ВИ Е СЕКОЈ ДЕНАР МИТО ЗЕМЕН ОД ПАЦИЕНТ“: Доктор Лазаров со жестока критика кон колегите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Хирург од битолската болница фатен со 150 евра што ги земал како поткуп

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Хирург од битолската болница фатен со 150 евра што ги земал како поткуп

ОТРОВНО РАСТЕНИЕ Е ПРИСУТНО ВО ТИКВЕШИЈАТА: Moже да биде фатално за добитокот

ОТРОВНО РАСТЕНИЕ Е ПРИСУТНО ВО ТИКВЕШИЈАТА: Moже да биде фатално за добитокот

СТАВРЕСКИ, ВЕЉАНОСКИ, ПЕШЕВСКИ: Kои се советниците на Мицкоски?

СТАВРЕСКИ, ВЕЉАНОСКИ, ПЕШЕВСКИ: Kои се советниците на Мицкоски?