(ВИДЕО) БУГАРСКИ АНАЛИТИЧАРИ: Мицкоски го интернационализираше прашањето за Македонците пред ЕУ
Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2025
Според бугарските аналитичари, македонскиот премиер Христијан Мицкоски е првиот човек кој го интернационализираше прашањето за Македонците пред Европската Унија(ЕУ).
„При официјалната посета на Брисел пред три седмици Мицкоски што ѝ кажа на Урсула фон дер Лајен? Бугарија на реципрочна основа треба да го признае македонското малцинство во Пиринскиот крај. 1947 година Бугарија признала македонско мнозинство. Знаете што кажала Урсула фон дер Лајен? Молчела, ништо не кажала, нема реакција. За првпат Македонија е европеизирана“, велат аналитичари од Бугарија.
Мицкоски за време работната посета во Брисел побара да не се додаваат зачини во процесот за евроинтеграции. Кажа дека регионот и државата се уморни од пречки кои се билатерални. Тој присуствуваше на работен ручек во организација на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Тогаш Мицкоски изјави дека во фокусот на агендата на работниот ручек бил Планот за раст на Западниот Балкан на Европската комисија. Македонците во Бугарија со години се жалат дека не ги уживаат основните права.
Видеото можете да го видите тука.