30 Јануари, 2025
0.0636

ОТРОВНО РАСТЕНИЕ Е ПРИСУТНО ВО ТИКВЕШИЈАТА: Moже да биде фатално за добитокот

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Екологисти од Неготино почнаа со активности против отровно растение што ги загрозува екосистемот и земјоделството, информираа вчера од Здружението за заштита на животната средина Ековита во изјава за МИА.

„Станува збор за екомисија, мапирање и контрола на ширењето на инвазивното растение Solanum angustifolia. Ова растение што веќе го има во Тиквешијата, претставува сериозна опасност за екосистемот и земјоделството, ги загрозува тревопасните животни и земјоделските ресурси“, вели Кристина Тодорова, долгогодишен еко активист и член на регионалниот еколошки центар, координатор на проектот.

Таа додаде дека е многу важно навреме да се реагира и да се спречи ширењето на ова растение, плевел.

„Брзо се шири поради климатските промени, што создаваат идеални услови за негово растење. Тоа е отровно за добитокот и претставува директна закана за сточарите и нивната егзистенција. Ако не се спречи неговото ширење, може да доведе до трајни еколошки и економски штети“, вели Тодорова.

Таа појасни дека нивната мисија има за цел да го мапира ширењето на растението во регионот, да спроведе активности за ефикасно отстранување на растението, информирање на локалната заедница, сточарите и земјоделците за ризиците што ги носи ова растение.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) ЕЛИТНИОТ РАЗУЗНАВАЧКИ И ПОЛИЦИСКИ ВРВ СЕ СОБРА НА ЕДНО МЕСТО - показен тренинг за елиминирање на терористички структури

(ФОТО) ЕЛИТНИОТ РАЗУЗНАВАЧКИ И ПОЛИЦИСКИ ВРВ СЕ СОБРА НА ЕДНО МЕСТО - показен тренинг за елиминирање на терористички структури

Катерина Јанковиќ е нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје

Катерина Јанковиќ е нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје

Уапсениот хирург од Битола доби осумдневен притвор

Уапсениот хирург од Битола доби осумдневен притвор

НИТУ ПРЕСМЕТУВАЛ НИТУ ПЛАЌАЛ ДАНОЦИ - финансиска полиција гони струмичанец за даночно затајување

НИТУ ПРЕСМЕТУВАЛ НИТУ ПЛАЌАЛ ДАНОЦИ - финансиска полиција гони струмичанец за даночно затајување

БИОЛОШКАТА ТЕРАПИЈА Е НА КЛИНИКАТА ЗА ОНКОЛОГИЈА, ПАЦИЕНТИТЕ ЌЕ ЈА ДОБИЈАТ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА: „Следната година нема да има ваков проблем“

БИОЛОШКАТА ТЕРАПИЈА Е НА КЛИНИКАТА ЗА ОНКОЛОГИЈА, ПАЦИЕНТИТЕ ЌЕ ЈА ДОБИЈАТ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА: „Следната година нема да има ваков проблем“

Почина работник на автопатот Кичево - Охрид

Почина работник на автопатот Кичево - Охрид

СО 160.000 ЕВРА СЕ КУПЕНИ САМО ДВА ЛАСЕРИ КОИ НЕ БИЛЕ ВО УПОТРЕБА: Ревизорите открија сериозни проблеми на Клиниката за дерматологија

СО 160.000 ЕВРА СЕ КУПЕНИ САМО ДВА ЛАСЕРИ КОИ НЕ БИЛЕ ВО УПОТРЕБА: Ревизорите открија сериозни проблеми на Клиниката за дерматологија

ЌЕ СЕ ИСПИТУВА КРВТА И УРИНАТА НА ВОЗАЧОТ КОЈ ЈА ЗГАЗИ МЛАДАТА ДЕВОЈКА - детали од Обвинителството за несреќата

ЌЕ СЕ ИСПИТУВА КРВТА И УРИНАТА НА ВОЗАЧОТ КОЈ ЈА ЗГАЗИ МЛАДАТА ДЕВОЈКА - детали од Обвинителството за несреќата

Сообраќајка утрово го закочи Центар

Сообраќајка утрово го закочи Центар