30 Јануари, 2025
0.0311

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Хирург од битолската болница фатен со 150 евра што ги земал како поткуп

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

УАПСЕН Е БИТОЛСКИ ХИРУРГ ПОРАДИ ЗЕМАЊЕ МИТО

Полицијата го привела М.С. (64), лекар во Хируршко одделение во Клиничка болница Битола поради сомневање дека примил поткуп.

- На 28.01.2025 во 17 часот во просториите на Клиничка болница Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.С.(64), лекар во Хируршко одделение во Клиничка болница Битола. 

Тој се сомничи дека сторил кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик, односно дека по завршен хируршки зафат побарал и примил поткуп од лице од битолско - велат од МВР.

ВЛАДАТА ОБЈАВИ КОИ СЕ СОВЕТНИЦИТЕ НА МИЦКОСКИ

Владата ги објави имињата на надворешните советници кои го советуваат премиерот Христијан Мицкоски.

Премиерот има 17 советници, а меѓу нив и поранешни државни високи функционери како Зоран Ставрески, Трајко Вељаноски, Владимир Пешевски, но и екс директори на УБК како Љупчо Андоновски, кој е и татко на министерот за администрација и дигитализација Стефан Андоновски.

Во продолжение списокот на советници на Мицкоски:

СПОРЕД БУГАРСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ, МИЦКОСКИ ГО ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗИРАШЕ ПРАШАЊЕТО ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕУ

Според бугарските аналитичари, македонскиот премиер Христијан Мицкоски е првиот човек кој го интернационализираше прашањето за Македонците пред Европската Унија(ЕУ). 

„При официјалната посета на Брисел пред три седмици Мицкоски што ѝ кажа на Урсула фон дер Лајен? Бугарија на реципрочна основа треба да го признае македонското малцинство во Пиринскиот крај. 1947 година Бугарија признала македонско мнозинство. Знаете што кажала Урсула фон дер Лајен? Молчела, ништо не кажала, нема реакција. За првпат Македонија е европеизирана“, велат аналитичари од Бугарија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Дино, златен ретривер со најтоплата насмевка и златно срце, е вистинската ѕвезда на скопскиот аеродром. Но, тој не е таму за да трага по забранети супстанции или да се грижи за безбедноста,  неговата задача е далеку „помека“, но не помалку важна. 

ЕСМ на последниот повик за набавка на електрична енергија од добавувачи за една недела ќе потроши околу 4 милиони евра.

Купуваат по мали акционерски пакети, ама не се откажуваат. Продолжува битката за позиционирање на помоќните акционери во „Македонијатурист“, во очи на претстојното вонредно Собрание на акционери кое ќе се одржи на 17 фервруари оваа година, а на кое ќе се бираат нови членови на Надзорниот одбор на компанијата.

Во договор меѓу Министерството за енергетика, Бирото за јавни набавки и МЕМО наскоро сите државни институции струја ќе плаќаат по цена што е постигната на Македонската берза за електрична енергија.

Зголемување на плати, делење на награди, бонуси, можности за работа од дома, скратено и флексибилно работно време. Се смета дека сето ова ќе помогне работниците да се чувствуваат дека се вреднувани, во ситуација кога има одлив на работната сила од државата.

Можеби ќе ве интересира

ОЈО: Се поведува дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и еден јавен обвинител за сторена тешка дисциплинска повреда

ОЈО: Се поведува дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и еден јавен обвинител за сторена тешка дисциплинска повреда

Мицкоски на пауза на именден кај синот Антониј

Мицкоски на пауза на именден кај синот Антониј

(ФОТО) ЕЛИТНИОТ РАЗУЗНАВАЧКИ И ПОЛИЦИСКИ ВРВ СЕ СОБРА НА ЕДНО МЕСТО - показен тренинг за елиминирање на терористички структури

(ФОТО) ЕЛИТНИОТ РАЗУЗНАВАЧКИ И ПОЛИЦИСКИ ВРВ СЕ СОБРА НА ЕДНО МЕСТО - показен тренинг за елиминирање на терористички структури

Катерина Јанковиќ е нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје

Катерина Јанковиќ е нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје

Уапсениот хирург од Битола доби осумдневен притвор

Уапсениот хирург од Битола доби осумдневен притвор

НИТУ ПРЕСМЕТУВАЛ НИТУ ПЛАЌАЛ ДАНОЦИ - финансиска полиција гони струмичанец за даночно затајување

НИТУ ПРЕСМЕТУВАЛ НИТУ ПЛАЌАЛ ДАНОЦИ - финансиска полиција гони струмичанец за даночно затајување

БИОЛОШКАТА ТЕРАПИЈА Е НА КЛИНИКАТА ЗА ОНКОЛОГИЈА, ПАЦИЕНТИТЕ ЌЕ ЈА ДОБИЈАТ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА: „Следната година нема да има ваков проблем“

БИОЛОШКАТА ТЕРАПИЈА Е НА КЛИНИКАТА ЗА ОНКОЛОГИЈА, ПАЦИЕНТИТЕ ЌЕ ЈА ДОБИЈАТ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА: „Следната година нема да има ваков проблем“

Почина работник на автопатот Кичево - Охрид

Почина работник на автопатот Кичево - Охрид

СО 160.000 ЕВРА СЕ КУПЕНИ САМО ДВА ЛАСЕРИ КОИ НЕ БИЛЕ ВО УПОТРЕБА: Ревизорите открија сериозни проблеми на Клиниката за дерматологија

СО 160.000 ЕВРА СЕ КУПЕНИ САМО ДВА ЛАСЕРИ КОИ НЕ БИЛЕ ВО УПОТРЕБА: Ревизорите открија сериозни проблеми на Клиниката за дерматологија