31 Октомври, 2024
0.0316

ИМА ЗАБЕЛЕШКИ: Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Пратеникот Скендер Реџепи и претседател на Движење Попули денеска до Уставниот суд поднесе Иницијатива за оспорување на Методологијата за спроведување на пописот во РСМ – 2021 година, во делот на поделбата на резидентно и нерезидентно население, бидејќи сега вработувањата и распределбата на парите во општините се вршат врз тие бројки од пописот.

Тој  тврди дека се повредени членовите 8,9 и 51 од Уставот и членовите 6,7 и 17 од Законот за попис.

Во членот 8 од Уставот на РСМ јасно стои дека владеењето на правото согласно сите донесени акти е уставно право и таа треба да биде поставена хиерархиски – државната власт да биде поделена на извршна, судска и на законодавна така како што е веќе поставена. Членот 51 ова веќе го потврдува во Уставот и вели дека секој закон треба да биде донесен согласно Уставот и сите други акти треба да бидат донесени согласно законите и Уставот на РСМ, што е спорно и што не е исто во случајот што ние сме го претставиле пред Уставниот суд“, рече Реџепи.

Членот 9 од Уставот на РСМ вели дека сите граѓани на РСМ се еднакви пред правото и законите, односно дека треба еднакво да ги користат сите права без поделба.

„Законот за попис јасно укажува во член 6, дека под попис ќе бидат подредени сите граѓани на РСМ без оглед на тоа дали за време на пописот биле во или надвор од државата – јасна категорија. Третото, во член 16 од истиот закон вели дека се задолжува директорот од Заводот за статистика за да ја реализира методологијата за реализирање и спроведување на пописот. Што настана грешката? При создавање на Методологијата бившиот директор од Заводот за статистика направил сегрегација и категоризација на граѓаните, односно што е притвуставно и противзаконски односно во петта глава, член 1 и 2 ги поделил граѓаните на резидентни и нерезидентни граѓани, што го нема ниту во Уставот ниту во Законот“, рече Реџепи.

Тука според него е повредено уставното и законско право и тоа треба да се поправи.

Според пратеникот, имаме заменик премиер кој е нерезидентен граѓанин бидејќи живее во Белгија, а за него не важи ова правило, а за сите други важи.

Очекува Уставниот суд да одлучува по нивната претставка и да донесе правна, а не, како што вели, политичка одлука.

Можеби ќе ве интересира

„ЗА СЛУЧАИТЕ СО ДИРЕКТОРКИТЕ МВР НЕ ЧЕКАЛО ДА СЕ ИЗЈАСНИ ДКСК“: СДСМ бара итна рекација и за Христовски од сите надлежни институции

„ЗА СЛУЧАИТЕ СО ДИРЕКТОРКИТЕ МВР НЕ ЧЕКАЛО ДА СЕ ИЗЈАСНИ ДКСК“: СДСМ бара итна рекација и за Христовски од сите надлежни институции

КОЈ КОГО УСПЕА ТОЛКУ ДА ИЗНЕРВИРА - еве какви пораки беа испишани со спреј на автомобил во Скопје

КОЈ КОГО УСПЕА ТОЛКУ ДА ИЗНЕРВИРА - еве какви пораки беа испишани со спреј на автомобил во Скопје

СЕ НИЖАТ ИСКУСТВАТА НА ОДБИЕНИТЕ ОД ФИТР: По д-р Лазаров, се огласи и Стаменов од „Донирај компјутер“- „А ќе им го обелевме образот“

СЕ НИЖАТ ИСКУСТВАТА НА ОДБИЕНИТЕ ОД ФИТР: По д-р Лазаров, се огласи и Стаменов од „Донирај компјутер“- „А ќе им го обелевме образот“

„УПОРНО ДОНИРАТЕ НА ПРИВАТНИ СМЕТКИ, ИМАМЕ СЛУЧАЈ КАДЕ МАЈКА ИМА ВИШОК ДВА МИЛИОНИ ДЕНАРИ И НЕ РЕДОНИРА НИТУ ДЕНАР“: Д-р Лазаров прашува „кој круг од пеколот е за вакви особи?“

„УПОРНО ДОНИРАТЕ НА ПРИВАТНИ СМЕТКИ, ИМАМЕ СЛУЧАЈ КАДЕ МАЈКА ИМА ВИШОК ДВА МИЛИОНИ ДЕНАРИ И НЕ РЕДОНИРА НИТУ ДЕНАР“: Д-р Лазаров прашува „кој круг од пеколот е за вакви особи?“

Туберкулозата во 21 век: Зошто оваа болест сѐ уште претставува глобална закана?

Туберкулозата во 21 век: Зошто оваа болест сѐ уште претставува глобална закана?

НАД 500 ДЕЦА ПОВИКАНИ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: расте бројот на малолетници во судир со законите, но и на оние во ризик

НАД 500 ДЕЦА ПОВИКАНИ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: расте бројот на малолетници во судир со законите, но и на оние во ризик

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата го доби извештајот од ЕК, Мицкоски вети дека ќе работи на реформите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата го доби извештајот од ЕК, Мицкоски вети дека ќе работи на реформите

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК: Тоа е објективна слика и патоказ за реформските приоритети

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК: Тоа е објективна слика и патоказ за реформските приоритети

МУРТЕЗАНИ НАЈАВИ ДЕКА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА ОДИ ВО КОСОВО: Ќе одиме во Приштина пред да одиме во Белград

МУРТЕЗАНИ НАЈАВИ ДЕКА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА ОДИ ВО КОСОВО: Ќе одиме во Приштина пред да одиме во Белград