31 Октомври, 2024
0.0287

НАД 500 ДЕЦА ПОВИКАНИ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: расте бројот на малолетници во судир со законите, но и на оние во ризик

Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Зголемен број на деца кои се во ризик за 13 проценти, како и деца во судир со законот и повикани во полициска станица за 54 отсто во текот на 2023 година, споредено со 2022 година утврдиле од Државниот совет за превенција на детското престапништво.

Во Годишниот извештај посочуваат дека ги следеле и документирале состојбите врз основа на 32 индикатори, развиени според меѓународни стандарди, и од добиените и анализирани податоци доставени од 87 институции дошле до повеќе загрижувачи податоци.

- Процентот на деца во ризик во 2023 година бележи тренд на зголемување за 13 проценти во однос на 2022 и за 70 отсто во однос нa 2021 година. За првпат се забележува зголемување на бројот на женски деца во ризик, чијшто број во 2023 е зголемен за 52 отсто во однос на 2022 година. Се забележува зголемување на деца во судир со закон односно деца повикани во полициска станица за 520 деца или за 54 проценти во однос на 2021 година, од кои најголем број биле повикани во својство на пријавени – се наведува во извештајот.

Меѓу другото е посочено дека најголем број деца жртви се утврдени од страна на МВР, па во Јавното обвинителство, а значително е намален бројот на деца жртви во Центарот за социјални работи, но најмалку имало утврдено деца жртви во судовите.

- Се забележува зголемување на процентот на деца сторители на прекршоци за 2 отсто во однос на 2022 година, од кои 97 проценти се деца од машки пол, а 33 проценти биле деца помлади од 16 години. Правото на бранител во полиција го оствариле 553 деца, односно 37 отсто од повиканите деца, што е за намалување за 10 процентни поени во однос на 2022 година – истакнуваат во годишниот изветштај претставниците на советот.

Меѓу другото е посочено дека мерки на помош и заштита биле применети кон 2.441 дете, oдносно кон 66 проценти од децата во ризик. Споредено со претходните години, процентот на децата во ризик кон кои биле применети мерки за помош и заштита во 2023 е за 18 процентни поени повисок во однос на 2022 година.

- ДС констатира дека во најголем број случаи се применуваат мерки/санкции кои не вклучуваат лишување од слобода на децата што кореспондира со начелата содржани во Законот за правда за деца. Мал е бројот на деца спрема кои е определена мерката притвор, па во 2023 оваа мерка била определна спрема 10 деца што изнесува 2,70 на 100.000 деца – се нагласува во извештајот.

Аналитичарите посочуваат оти нема промена во однос на изречени дисциплински мерки кои во 2023 биле кон 31 процент од случаите, а во 2022 година кон 32 отсто од случаите.

Мерки на засилен надзор во 2023 година биле изречени кон 248 деца односно 62 проценти, додека во 2022 кон 220 деца, односно 54 отсто од децата

- Се забележува намалување на изречените заводски воспитни мерки кои во 2023 биле изречени кон 12 деца, сите од машки пол, додека во 2022 биле изречени спрема 18 деца. Изрекувањето на казна затвор за деца е во многу мал процент. И во 2023 година, исто како и во 2022 година оваа казна била изречена спрема 4 деца, од кои во 2023 година спрема едно дете од женски пол. Во 2023 година било донесено решение за условен отпуст за две деца, за разлика од претходните години кога не беше донесено ниту едно вакво решение – укажуваат од советот.

Од Советот укажуваат дека клучен предизвик идентификуван изминатата година, како и години претходно, е неисполнувањето на законската обврска за формирање општински совети за превенција на детско престапништво во голем дел од општините во РСМ и покрај законската обврска.

- Во некои општини воопшто не се формирани општински совети, во дел се формирани а не се активни, а во многу мал дел формираните општински совети навистина се активни. Главниот проблем е отсуство на финансиски средства за остварување на нивните активности во буџетите на локалната самоуправа. Работењето на ДС во текот на 2023 година беше на седници кои се одржуваа во просториите на Министерството за правда. Се уште има проблем поради недоделена просторија за работа на ДС која ќе биде соодветно технички опремена со цел непречено работење – укажуваат од советот.

П.О.     

Фото: freepik

Можеби ќе ве интересира

НОВ ЗАКОН ЗА УЧЕБНИЦИ СО НОВИ ПРАВИЛА: МОН чека училиштата да пријават што им недостига

НОВ ЗАКОН ЗА УЧЕБНИЦИ СО НОВИ ПРАВИЛА: МОН чека училиштата да пријават што им недостига

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ БИСЕРА КОСТАДИНОВСКА СТОЈЧЕВСКА - овозможила фирма да се стекне со противправна имотна корист од 442 илјади евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ БИСЕРА КОСТАДИНОВСКА СТОЈЧЕВСКА - овозможила фирма да се стекне со противправна имотна корист од 442 илјади евра

„ЗА СЛУЧАИТЕ СО ДИРЕКТОРКИТЕ МВР НЕ ЧЕКАЛО ДА СЕ ИЗЈАСНИ ДКСК“: СДСМ бара итна рекација и за Христовски од сите надлежни институции

„ЗА СЛУЧАИТЕ СО ДИРЕКТОРКИТЕ МВР НЕ ЧЕКАЛО ДА СЕ ИЗЈАСНИ ДКСК“: СДСМ бара итна рекација и за Христовски од сите надлежни институции

КОЈ КОГО УСПЕА ТОЛКУ ДА ИЗНЕРВИРА - еве какви пораки беа испишани со спреј на автомобил во Скопје

КОЈ КОГО УСПЕА ТОЛКУ ДА ИЗНЕРВИРА - еве какви пораки беа испишани со спреј на автомобил во Скопје

СЕ НИЖАТ ИСКУСТВАТА НА ОДБИЕНИТЕ ОД ФИТР: По д-р Лазаров, се огласи и Стаменов од „Донирај компјутер“- „А ќе им го обелевме образот“

СЕ НИЖАТ ИСКУСТВАТА НА ОДБИЕНИТЕ ОД ФИТР: По д-р Лазаров, се огласи и Стаменов од „Донирај компјутер“- „А ќе им го обелевме образот“

„УПОРНО ДОНИРАТЕ НА ПРИВАТНИ СМЕТКИ, ИМАМЕ СЛУЧАЈ КАДЕ МАЈКА ИМА ВИШОК ДВА МИЛИОНИ ДЕНАРИ И НЕ РЕДОНИРА НИТУ ДЕНАР“: Д-р Лазаров прашува „кој круг од пеколот е за вакви особи?“

„УПОРНО ДОНИРАТЕ НА ПРИВАТНИ СМЕТКИ, ИМАМЕ СЛУЧАЈ КАДЕ МАЈКА ИМА ВИШОК ДВА МИЛИОНИ ДЕНАРИ И НЕ РЕДОНИРА НИТУ ДЕНАР“: Д-р Лазаров прашува „кој круг од пеколот е за вакви особи?“

Туберкулозата во 21 век: Зошто оваа болест сѐ уште претставува глобална закана?

Туберкулозата во 21 век: Зошто оваа болест сѐ уште претставува глобална закана?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата го доби извештајот од ЕК, Мицкоски вети дека ќе работи на реформите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата го доби извештајот од ЕК, Мицкоски вети дека ќе работи на реформите

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК: Тоа е објективна слика и патоказ за реформските приоритети

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК: Тоа е објективна слика и патоказ за реформските приоритети