31 Октомври, 2024
0.0277

Туберкулозата во 21 век: Зошто оваа болест сѐ уште претставува глобална закана?

Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Туберкулозата останува сериозен здравствен предизвик, и покрај напредокот во медицината и достапноста на ефикасни лекови. Минатата година, на глобално ниво биле регистрирани над 8 милиони нови случаи, наведува Светската здравствена организација (СЗО), што е најголемиот број регистриран од почетокот на мониторингот. Оваа болест повторно се наметнува како водечки убиец меѓу заразните болести, со околу 1,25 милиони смртни случаи, што е речиси двојно повеќе од бројот на починати од ХИВ во 2023 година.

Состојбата на глобално ниво

СЗО известува дека туберкулозата најмногу ги погодува луѓето во региони како Југоисточна Азија, Африка и Западниот Пацифик. Околу половина од сите случаи доаѓаат од Индија, Индонезија, Кина, Филипините и Пакистан, што ја прави болеста длабоко присутна во земјите со ограничени ресурси и слаба здравствена инфраструктура.

„Фактот што туберкулозата сѐ уште убива и заболува толку многу луѓе создава чувство на бес, во ситуација кога имаме алатки за да ја спречиме, откриеме и лекуваме“, посочи Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус

Туберкулозата е заболување што се шири преку бактерии во воздухот и претежно ги погодува белите дробови. Проценките покажуваат дека една четвртина од светската популација е инфицирана со латентна туберкулоза, односно без симптоми, но само 5-10 отсто од овие случаи развиваат активна болест.

Туберкулозата е отпорна на лекови

СЗО нотира дека лани околу 400.000 луѓе боледувале од туберколоза која е отпорна на лекови. Претходно во 2021, организација проценила дека околу 450.000 луѓе имале мултирезистентна туберкулоза (MDR/RR-TB), со пораст за 3,1 отсто во споредба со 2020.

-Главната причина за ова зголемување е поврзана со влијанието на пандемијата со COVID-19, што доведе до намалена идентификација и третман на нови случаи. Највисока застапеност на MDR/RR-TB се забележува во земји како Индија, Русија и Пакистан, кои заедно сочинуваат над 40% од глобалниот број на случаи. Проблемот со лековито-отпорната туберкулоза претставува значаен предизвик бидејќи таа не реагира на стандардната терапија со прва линија лекови, со што се зголемува ризикот од понатамошно ширење и смртност. Во 2021 година, повеќе од 191.000 смртни случаи се припишуваат на оваа форма на туберкулоза, што укажува на сериозноста на ситуацијата и потребата за поголема достапност на специфични терапии и програми за превенција и рано откривање, наведува СЗО.

Превенција на туберкулоза

Како клучна превентивна мерка против туберкулозата се користи БЦЖ (BCG - Bacille Calmette-Guérin) вакцината, која се препорачува за заштита на доенчиња и мали деца од тешките форми на туберкулоза, како туберкулозен менингитис и дисеминирана туберкулоза. Иако вакцината има ограничена ефикасност кај возрасните, во земји со висок ризик од туберкулоза, како оние во Јужна Азија и Африка, таа останува дел од редовните превентивни програми.

Дополнителни превентивни мерки вклучуваат:

Навремено дијагностицирање и третман: Раното откривање и соодветниот третман на активната форма на туберкулоза помагаат да се намали ширењето на инфекцијата.

Контрола на инфекции во здравствените установи: Осигурување дека просториите за пациенти со туберкулоза се добро вентилирани и дека се следат протоколи за заштита на персоналот и останатите пациенти.

Редовно тестирање во ризични групи: Препорачано за лица кои работат во затворени простори со малку свеж воздух или со намален имунитет.

Обезбедување на достапност на дијагностички тестови: Организации како „Лекари без граници“ ја повикуваат американската компанија Cepheid да ги направи своите тестови за туберкулоза подостапни во посиромашните земји, со цел навремено откривање и спречување на ширењето.

Состојбата во Македонија

Во Македонија, состојбата со туберкулозата останува релативно стабилна. Во 2023 година беа регистрирани вкупно 290 активни случаи, со стапка на преваленца од 15,8 на 100.000 жители. Од нив, најголемиот број беа случаи на туберкулоза на респираторните органи. Инциденцата на нови случаи е на ниво од 8,7 на 100.000 жители, што покажува континуирана, но контролирана ситуација.

Здравствените власти ги применуваат сите неопходни мерки и препораки на СЗО за контрола на туберкулозата, но и понатаму остануваат внимателни бидејќи ситуацијата на глобално ниво се влошува.

Во Македонија, туберкулозата (ТБЦ) се дијагностицира со користење стандардни методи за тестирање, кои вклучуваат микроскопска анализа на спутум (што се смета за основен тест) и култура на бактерии, која е подетална и бара подолг период за резултати. Постојат и нови молекуларни тестови, како GeneXpert, кои се побрзи и се користат за откривање на ТБЦ отпорна на лекови, а се препорачани од СЗО како најдобра практика во земјите со ресурси за оваа технологија.

Во Македонија, се преземаат напори да се подобри достапноста на понапредни тестови, а Министерството за здравство, во соработка со меѓународни организации, работи на подобрување на пристапот до современи дијагностички тестови, што е клучно за навремено откривање и соодветен третман на болеста.

Со цел што поуспешна контрола на туберкулозата во нашата земја, намалување на ризикот од ширење на инфекцијата, особено онаа предизвикана од резистентни соеви на Микобактериум туберкулозис, спречување на коинфекција меѓу туберкулозата со ХИВ инфекцијата, неопходно е да се превземат сите расположливи превентивни мерки кои придонесуваат за рано откривање и спречување на болеста. Сепак најдобра превентивна мерка е правилно и навремено дијагностицирање и лекување на секој болен од туберкулоза со што се прекинува ланецот на ширење на инфекцијата.

-Набавка на тестови за симултана детекција на туберкулоза и резистенција на рифампицин компатибилен на Експерт МТБ/Риф или еквивалент Експерт МТБ/Риф е еден од молекуларните тестови за дијагноза на туберкулоза кој е во примена во Институтот од 2014 година. За 2024 година има потреба од набавка на 300 теста.

-Набавка на Елиса тестови за одредување на туберкулозна инфекција За дијагноза на латентна туберкулозна инфекција кај деца, здравствен персонал и лица од ризик за прогресија кон активна туберкулоза има потреба од набавка на 308 теста за 2024 година.

- Набавка на антитуберкулотици од прва и втора линија за лекување на новооткриени болни со туберкулоза и болни со резистентни форми на туберкулоза Набавката на антитуберкулотици од прва линија има за цел да спречи ширењето на туберкулозата преку лекување на сите новорегистрирани случаи на туберкулоза според стандардни режими на лекување препорачани од Светската здравствена организација. Лековите се наменети за лекување на сите болни од туберкулоза во диспанзерите и стационарите. Втората линија на антитуберкулотици има за цел да го спречи ширењето на резистентните форми на туберкулоза, чие лекување е долготрајно, скапо и честопати неуспешно. Иако бројот на мулти и полирезистентни форми на туберкулоза во Република Северна Македонија не е голем, сепак, неопходно е да се превземат сите превентивни мерки за спречување на појава на овие форми на туберкулоза. Нелекувањето на овие болни претставува можност за ширење на инфекција со тешки форми на болеста чие лекување трае најмалку две години со неизвесен исход и последици од лекувањето.

Анита Буховски

фото: EPA-EFE/Mentor David Lorens

Можеби ќе ве интересира

НОВ ЗАКОН ЗА УЧЕБНИЦИ СО НОВИ ПРАВИЛА: МОН чека училиштата да пријават што им недостига

НОВ ЗАКОН ЗА УЧЕБНИЦИ СО НОВИ ПРАВИЛА: МОН чека училиштата да пријават што им недостига

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ БИСЕРА КОСТАДИНОВСКА СТОЈЧЕВСКА - овозможила фирма да се стекне со противправна имотна корист од 442 илјади евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ БИСЕРА КОСТАДИНОВСКА СТОЈЧЕВСКА - овозможила фирма да се стекне со противправна имотна корист од 442 илјади евра

„ЗА СЛУЧАИТЕ СО ДИРЕКТОРКИТЕ МВР НЕ ЧЕКАЛО ДА СЕ ИЗЈАСНИ ДКСК“: СДСМ бара итна рекација и за Христовски од сите надлежни институции

„ЗА СЛУЧАИТЕ СО ДИРЕКТОРКИТЕ МВР НЕ ЧЕКАЛО ДА СЕ ИЗЈАСНИ ДКСК“: СДСМ бара итна рекација и за Христовски од сите надлежни институции

КОЈ КОГО УСПЕА ТОЛКУ ДА ИЗНЕРВИРА - еве какви пораки беа испишани со спреј на автомобил во Скопје

КОЈ КОГО УСПЕА ТОЛКУ ДА ИЗНЕРВИРА - еве какви пораки беа испишани со спреј на автомобил во Скопје

СЕ НИЖАТ ИСКУСТВАТА НА ОДБИЕНИТЕ ОД ФИТР: По д-р Лазаров, се огласи и Стаменов од „Донирај компјутер“- „А ќе им го обелевме образот“

СЕ НИЖАТ ИСКУСТВАТА НА ОДБИЕНИТЕ ОД ФИТР: По д-р Лазаров, се огласи и Стаменов од „Донирај компјутер“- „А ќе им го обелевме образот“

„УПОРНО ДОНИРАТЕ НА ПРИВАТНИ СМЕТКИ, ИМАМЕ СЛУЧАЈ КАДЕ МАЈКА ИМА ВИШОК ДВА МИЛИОНИ ДЕНАРИ И НЕ РЕДОНИРА НИТУ ДЕНАР“: Д-р Лазаров прашува „кој круг од пеколот е за вакви особи?“

„УПОРНО ДОНИРАТЕ НА ПРИВАТНИ СМЕТКИ, ИМАМЕ СЛУЧАЈ КАДЕ МАЈКА ИМА ВИШОК ДВА МИЛИОНИ ДЕНАРИ И НЕ РЕДОНИРА НИТУ ДЕНАР“: Д-р Лазаров прашува „кој круг од пеколот е за вакви особи?“

НАД 500 ДЕЦА ПОВИКАНИ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: расте бројот на малолетници во судир со законите, но и на оние во ризик

НАД 500 ДЕЦА ПОВИКАНИ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: расте бројот на малолетници во судир со законите, но и на оние во ризик

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата го доби извештајот од ЕК, Мицкоски вети дека ќе работи на реформите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата го доби извештајот од ЕК, Мицкоски вети дека ќе работи на реформите

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК: Тоа е објективна слика и патоказ за реформските приоритети

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК: Тоа е објективна слика и патоказ за реформските приоритети