16 Декември, 2025
0.0567

Интел корпорацијата ја објави Intel® Xeon® processor D фамилијата на производи

Објавено во: Мои пари 10 Март, 2015 12:28

Добивај вести на Viber

Интел корпорацијата  ја објави Intel® Xeon® processor D фамилијата на производи, првиот Intel Xeonпроцесор базиран на систем-на-чип (SoC). Граден на водечката во индустријата 14нм технологија, IntelXeon processor D фамилијата на производи комбинира перформанси и напредна интелигенција за IntelXeon процесори со големина и енергетска ефикасност на SoC.

Intel Xeon processor D фамилијата на продукти нуди нови опции за да се одговори на растечката потреба за енергетски ефикасни инфраструктурни решенија, што ја прошируваат технологијата на Интел од дата центри до мрежи.

Ова им овозможува на корисниците подобрена интелигенција со поголема способност за брзо испорачување на нови услуги по помала цена за користење

„Растот на поврзани уреди и побарувачката за повеќе дигитални услуги создаде нови можности за информатичка и комуникациска технологија“, рече Дајен Брајант, постар заменик претседател и генерален менаџер на Data Center Group на Интел. „Со тоа што ги донесовме перформансите на IntelXeon процесорот до ниско енергетски SoC, ние го испорачуваме најдоброто од двата света и им овозможуваме на нашите клиенти нови возбудливи услуги“.

Вести и факти

  • Intel Xeon processor D фамилијата на производи е првиот Intel Xeon SoC и трета генерација 64-bit SoC за микросервер, складирање на податоци, мрежи и интернетот на нештата (IoT).
  • Производите обезбедуваат 3.4x побрзи перформанси по нод1 и до 1.7x подобри перформанси по ват2 споредено со Intel® AtomTM processor C2750, дел од втората генерација на Интел 64-bit SoC фамилија на производи.
  • Лансирањето на 4 и 8 јадрени микросерверски оптимизирани SoC денес, со сеопфатно портфолио за мрежи, складирање на податоци и интернет на нештата, со цел да биде достапен во втората половина од оваа година.
  • Првите производи се оптимизирани за хостинг и клауд провајдери за различни работни задачи како дедициран веб хостинг, „memory caching“, динамични веб сервиси и „warm storage“. Идните производи оптимизирани за складирање и мрежи ќе целат на SAN и NAS, рутери и безжични базни станици, како и индустриски уреди за интернетот на нештата.
  • Повеќе од 50 системи се дизајнираат во моментов. Околу 75 проценти се мрежни, интернет на нештата и дизајни за складирање на податоци. Добавувачите на системи моментално дизајнираат микросервери базирани на Intel Xeon processor D фамилијата ги вклучуваат: Cisco*, HP*, NEC*, Quanta Cloud Technology*, Sugon* и Supermicro*.
  • Комбинира индустриски стандард x86 јадра, најшироко распространетата микроархотектура за процесори за дата центри во индустријата, со два порта интегриран 10GbE Intel® Ethernet и интегрирани I/Os (PCIe, USB, SATA и други) во едно пакување. Работи на термално дизајнирана точка од приближно 20 вати и поддржува 128GB пристапна меморија.
  • Испорачува напредна серверска сигурност, достапност и сервис, вклучувајќи поддршка за код што исправа грешки, комбиниран со напреден хардвер базиран на Intel® Virtualization Technology и Intel® Advanced Encryption Standard-New Instructions (AES-NI).

„Како најголем веб-хостинг провајдер во Европа, технолошките иновации се од клучно значење за успехот на компанијата“, кажа Роберт Хофман, извршен директор на 1&1 Internet AG. „Како дел од нашата широка технолошка соработка со Интел, ние ги проценуваме новите серверски платформи базирани на Intel Xeon processor D за да помогнеме во обезбедувањето на уникатна комбинација на перформанси и ефикасност добиени од ова прво Intel Xeon SoC решение.“

Додатни информации

  • Intel Xeon processor D product family page: www.intel.com/xeond
  • Intel Xeon processor D product brief: www.intel.com/xeondbrief
  • Customer video: www.intel.com/1and1
  • Intel blog: http://intel.ly/xeondblog

Цени и достапност

  • Intel Xeon Processor D-1520 (4-core) $199.00
  • Intel Xeon Processor D-1540 (8-core) $581.00

Производите се достапни денес. Проширената Intel Xeon processor D фамилија на продукти вклучува микросервер, мрежа, складирање и оптимизација за интернетот на нештата „систем-на-чип“ се очекува да биде достапен во втората половина од оваа година.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив