27 Ноември, 2024
0.0373

Интервју со: НЕ амбасадорот на Р. Словенија во Северна Македонија, г. Грегор Прескер

ИНТЕРВЈУ ПРЕСКЕР: Македонците се добредојдени во Словенија, децениската соработка е доказ за тоа

Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Какви се односите меѓу Словенија и Северна Македонија? Каква е политичката, стопанската и развојната соработка меѓу двете земји?

ПРЕСКЕР: Односите меѓу двете земји се одлични уште од признавањето на независноста на Северна Македонија во 1992 година и отворањето на Амбасадата во Скопје, која беше дури и првата странска амбасада во земјата. Во текот на три децении, Словенија и Северна Македонија изградија примерни политички односи, бројни партнерства одобласта на стопанството, културата, образованието, одбраната, внатрешните работи (полицијата) како и други области.

Словенија е долгогодишен поддржувач на Северна Македонија на нејзиниот евроатлантски пат и по полноправното членство на Северна Македонија во НАТО, се фокусира на пренесување на словенечкото искуство во преговарачкиот процес за влез во ЕУ. Активно сме ангажирани и за добивање поддршка од другите земји-членки на ЕУ во овој процес.

Словенија и Северна Македонија се важни стопански партнери. Во 2022 година, трговијата со стоки е зголемена за 14%. Позитивното економско опкружување и правичната законска рамка се клучни елементи за натамошно зајакнување на нашата билатерална стопанска соработка со акцент на инвестициите.

Северна Македонија е еден од главните приоритети на Словенија во областа на развојната соработка. Од 2010 година до денес има добиено приближно 37,7 милиони евра од словенечкиотфонд за развојна соработка.

Словенија издвојува најголем дел од развојната помош за младите од Северна Македонија, кои се ослободени од школарина за додипломски и постдипломски студии на словенечките универзитети. Тие го привлекуваат вниманието кон себе со своите професионални и научни достигнувања и со богатите културни активности на нивните здруженија. За успехот на македонските студенти во Словенија говори и тоа што еден од нив моментално е министер во владата на Република Словенија.

Како членството во ЕУ влијаеше на Словенија и нејзините жители?

ПРЕСКЕР: Од нејзиното членство во Европската унија во 2004 година, Словенија постигна значителен економски и социјален напредок. Словенија стана членка на единствениот пазар на ЕУ, кој е најголемата економска област во светот. Словенечките компании можеа да започнат слободно да тргуваат со стоки и услуги во другите земји на ЕУ. Ова го стимулираше економскиот раст и отвори нови работни места. Дополнително, ЕУ обезбеди финансиска помош за Словенија за развој и поддршка на економијата. Резултатите од овие промени беа видливи со економскиот раст на Словенија. БДП по глава на жител порасна за повеќе од 50% од 2004 до 2022 година. Словенија стана една од најстабилните економии во регионот.

Членството во ЕУ и донесе многу социјални предности на Словенија. ЕУ им го гарантира правото на слободно движење на граѓаните на ЕУ. Словенците можеа да започнат слободно да патуваат, да живеат и работат во други земји на ЕУ. Ова ги зголеми можностите за граѓаните и придонесе за поголема мобилност на работната сила. ЕУ, исто така, обезбедува високи стандарди за заштита на човековите права и демократијата. По пристапувањето во ЕУ, Словенија мораше да го прилагоди своето законодавство на заедничките правни стандарди на ЕУ, што придонесе за подобрување на човековите права и демократијата во Словенија.

Поради овие причини, Словенија силно ја поддржува Северна Македонија во нејзиниот реформски процес и усогласување на законодавството со европското право.

Зошто се решивте за соработка на настанот „Работа и живот во Словенија“?

ПРЕСКЕР: Сакаме странските работници кои одлучуваат да работат во Словенија да бидат добро информирани за нивните права и должности. Во соработка со Агенцијата за вработување на Република Словенија, можеме да обезбедиме на настанот да бидат претставени доверливи работодавци кои го почитуваат законот и обезбедуваат добри услови за работа. На тој начин, барателите на работа ќе добијат веродостојни информации за условите за работа и живот во Словенија, како и релевантна правна заштита со релевантни информации.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки

СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава