17 Декември, 2025
0.0543

Трпеноска Тренчевска: Се додека квалитетни адвокати не испливуваат на површина, значи дека имаме сериозни проблеми во судството

Објавено во: Македонија 03 Мај, 2018 08:26

Добивај вести на Viber

Вечна дилема е дали постои совршен закон. Таков нема, ниту ќе има. Но, со правилна и стриктна примена на овие Закони кои ги имаме, правната сигурност дефинитивно ќе се зголеми а воедно положбата на адвокатурата ќе зајакне со давање на правилни предвидувања за исходот на постапките без изненадувања од причини кои немаат врска со правото. На ваков начин, квалитетните адвокати ќе испливаат на површина од причина што реалната конкуренцијата е најјак фактор за успех, вели адвокатката Наташа Трпеноска-Тренчевска која, е на кормилото на едно од најуспешните адвокатски друштва во Македонија „Трпеноски“ а која се споменува како еден од засега петтемина кандидати за претседател на Адвокатската комора.

Трпеноска-Тренчевска вели дека магија за за жал нема но доколку ја стекне довербата од колегите, ќе треба многу поддршка, посветеност, здраво и реално поставени  цели на кои ќе се посвети и секако најмногу работа.

Фактор: Трпеноска Тренчевска, вие сте меѓу петтемина кандидати од кои следниот викенд ќе биде избран новиот претседател на Адвокатската комора на Македонија. 

Соочени сте пред сериозен предизвик, од една страна должни сте  да ги заштитите  интересите на адвокатите, но во исто време и по храбро да се фатите во костец со сериозно нотираните забелешки од  Меѓнародните организации за функционирањето на правниот систем . Ќе има ли потенцијалниот иден претседател на Адвокатската комора „магично стапче“ да ги реши овие проблеми?

Трпеноска Тренчевска: Во никој случај решавањето на проблемите ниту ќе биде лесно ниту брзо. Магија, за жал нема. Доколку ја добијам довербата од колегите, ќе треба многу поддршка, посветеност, здраво и реално поставени  цели на кои ќе се посветиме и секако најмногу работа.

Првенствена цел е заштита на интересите на адвокатите во рамките на обавување на својата дејност, но, да бидеме реални. Неретко проблемите можат да се решат и на поинаков начин, кој зависи и од нас самите а не само и исклучиво од другите. Затоа, нужно се поставува и прашањето на одмерување на нашите сопствени сили. Зa остварување на оваа цел,  треба да се свртиме околу во нашите редови, да се наоружаме со воља, знаење, упорност и консистентност па така сплотени да ги започнеме промените.

Знам дека има многу квалитетни адвокати кои имаат и знаење и воља и љубов кон професијата и сите тие се нужно потребни дополнително да се активираат.

Се надевам дека ќе успеам да ги мотивирам.

Фактор: Колку е тешко да се бара правда во земја во која се смета дека не функционира правниот систем?

Трпеноска Тренчевска: Исклучително тешко. Не само што има сериозни забелешки на функционирањето на правниот систем, туку и заради настаните во последните години интересот на јавноста е секојдневно свртен кон правосудството. Тоа е од една страна добро, бидејки јавноста е добар критичар, но од друга страна се соочуваме со многу слободни толкувања на правото и правдата, нереални очекувања и голем број на лаици кои слободно даваат правни квалификации.

Сето ова исклучително ја отежнува нашата работа.

Знаете, вечна дилема е дали постои совршен закон. Таков нема, ниту ќе има. Но, со правилна и стриктна примена на овие Закони кои ги имаме, правната сигурност дефинитивно ќе се зголеми а воедно положбата на адвокатурата ќе зајакне со давање на правилни предвидувања за исходот на постапките без изненадувања од причини кои немаат врска со правото. На ваков начин, квалитетните адвокати ќе испливаат на површина од причина што реалната конкуренцијата е најјак фактор за успех.

Фактор: Колку адвокатската фела е виновна за постојната состојба во правосудството, дали досега таа не беше индиферентна по прашањата кои директно ја засегаат и како резултат на тоа дали наталожените проблеми со кои се соочуваат адвокатите во земјава, можат брзо и ефикасно да серешат? 

Трпеноска Тренчевска: Како нужен дел од правосудниот систем и учесник во сите постапки, адвокатурата носи дел од товарот а и вината за оваа состојба.

Во последниве години имам впечаток како да се помести  состојбата на летаргија и индиферентност, односно некои од колегите пројавија иницијатива и интерес за подобрување на состојбите.

Но, исто така имам впечаток дека недостасува интеракцијата и потпората од Комората која разви и определен, по мене оправдан револт кај нашите членови.

Како сами велите проблемите се наталожени со години, а да очекувате брзо и решавање на наталожени проблеми, во лексичка смисла претставува оксиморон.  

Фактор: Пред предстојниот избор за претседател кој треба да се случи во Струга викендов се калкулира со фаворити и се мери поддршката. Важите за кандидат со блага предност, според вас, што ќе биде одлучувачко при изборот на новиот претседател?

Трпеноска Тренчевска: Моите противкандидати се блескави правни умови. Барем за оние кои разбрав дека ќе се кандидираат.

Немаме конечни информации, ниту пак формална најава кои и колку од колегите планираат да се кандидираат.

Тоа е уште една мана во нашите акти. Постапката за кандидатура воопшто не е предвидена и затоа до последниот миг, не знаеме кој се ќе биде предложен, а камо ли кои се неговите визии и планови. Ова е една од работите кои  итно треба да се сменат заедно со системот на избор на делегати по Основните адвокатски заедници.

По однос на постоечките кандидати – не заборавајте ја брилијантноста на колегата Тортевски, јаснотијата на мислата на колегата Давидовиќ како и долгогодишнопто искуство на повеќе полиња преточено во успех кај колегата Михајловски. Сетете се со каква бробеност и храброст моите колеги настапуваа во јавноста. Едноставно се добри, да се биде противкандидат со нив, за мене претставува чест.

По мое мислење, овојпат треба да победи кандидат кој покрај конзистентноста во адвокатурата, знаењето и искуството, треба да има и менаџерски способности. Јас такви имам, и за тоа е доказ начинот на кој функционира нашето Адвокатско друштво повеке од 25 години. Конечно, доколку сакаме да биде нешто различно, овој пат треба да биде жена, за првпат од основањето на Комората до денес.

Сметам дека имам обврска да се обидам да внесам некакви измени во позитивен контекст, за да имам аргументи во дискусиите кои следат. Решив да ја напуштам удобноста на мојата етаблирана положба и да прифатам нов предизвик. Се надевам дека со помош и соработка на колегите во тоа и ќе успеам.

Фактор: Граѓаните имаат конкретни забелешки, а најголемиот дел се во однос на ценовникот, цената на услугите кои ги наплатувате. Има ли подготвеност за разговор и понуда на решение за овој проблем?

Трпеноска Тренчевска: Комората имаше храброст и решителност да изврши измени во Тарифата, која беше неизменета уште од 1993 година.

Тоа е секако за поздравување. Но, по мое мислење, истата треба да се доуреди како би можела да најде соодветна примена и во праксата. Факт е дека сега предвидените цени на нашите услуги за најголем дел од нашите клиенти претставуваат проблем и истите не можат да си ги дозволат тие средства а со тоа ни да си обезбедат адекватна правна заштита.

Фактор: Адвокатите се соочуваат со нови предизвици, најавени се законски измени. Кои се всушности предизвиците, како планирате да работите? Кои се вашите приоритети?

Трпеноска Тренчевска:  Зголемување на ингеренциите на адвокатите преку интервенција во матерјалните закони, за кои се планира измена.

Соработка со сите учесници во правосудниот систем каде адвокатите ја обавуваат својата дејност.

Ревизија и измени на актите на Комората со цел непречено функционирање на општо задоволство на сите членови.

Интеракција со членството и обезбедување потпора при решавање на предизвиците со кои секојдневно се соочуваат.

Прочистување на нашите редови, стимул за дополнителна едукација и размена на искуства на сите членови од сите адвокатски заедници, пропорционално.

Обезбедување сопствен простор во кој адвокатите ќе можат слободно да користат правна литература, остваруваат средби, размена на искуства, планирање на нивни активности.

Тесна соработка со сите членови на Управниот одбор, другите органи на Комората и членството, преку основните адвокатски заедници.

Се што е потребно за зголемување на дигнитетот на адвокатурата и обезбедување на реална конкуренција.

Фактор: Ве именуваат често како ќерка на познат адвокат, Јавен обвинител, Министер во Владата на РМ. Како се справувате со овие квалификации?

Трпеноска Тренчевска: Е, тоа е навистина чувствително прашање. Не секогаш е предност да си дете на успешен професионалец во областа во која и ти се занимаваш. Споредбите се неминовни. Уште на самиот почеток во далечната 1992 година јас разбрав дека ќе го имам овој „проблем„ и од таа причина се посветив на друг дел на правото, различен од кривичното во кој дел експерт е мојот татко Јован, иако кривичното право до ден денес ми е љубов. Се посветив и на градење на нов тип на адвокатура, различен од условите во кои и денес функционира кај нас. Мислам дека во тоа и успеав, тоа впрочем го потврдуваат колегите кои со децении работат кај нас а впрочем и клиентите кои се наполно задоволни што можеме да им обезбедиме секаков вид на правна заштита преку специјализации на определени колеги во посебни области на правото. Многукратно повеќе работа, самодокажување за да те прифатат  дека си самата изградена и професионална личност а не само нечие дете.

Но, ете сега нов парадокс. Во разговорите со ќерка ми, кога патем е исто така правник,  в лице ги добивам истите аргументи со кои јас располагав кога разговарав со мојот татко на почетокот на мојата кариера. Признавам дека таа е во право, но во право сум и јас, а навистина не гледам каде сме згрешиле што правото претставува љубов во нашето семејство кај повеќе генерации. Тоа може да биде само придобивка и така ја разбираме.


Можеби ќе ве интересира

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал