02 Мај, 2024
0.0259

ИНВЕСТИЦИИ: Подобро од лани, а во регионот најслаби!

Објавено во: Економија 31 Август, 2013

Добивај вести на Viber

За првите шест месеци од годинава во земјава влегле инвестиции во вредност од 101,4 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народната Банка. Споредено со инвестициите од минатата година кога во истиот период имало странски директни инвестиции од 83 милиони евра, годинава има раст за нешто повеќе од 20%.

„Фактот што земјата бележи инвестициите во првите шест месеци од оваа година во приближен износ со оној остварен во текот на минатата година, е позитивна појава, која доколку продолжи понатаму со својот ефект на мултипликатор треба да даде поголеми позитивни ифекти врз самиот бруто домашен производ. инвестициите во земјата, како од домашни, така и од странски инвеститори се неопходни и од клучно значење за искористување на слободните ресурси во земјата и остварување на повисоки стапки на раст со пропратена со ниска стапка на невработеност и ниска стапка на сиромаштија. При тоа во таа трка и борба за поголеми економски перформанси да не се заборави на она што значи остварување на одржлив економски раавој, односно во трката за остварување на економските цели, односно поголем економски раст, да не се заборави дека истите треба да се остваруваат во хармонија и остварување на социјалните цели и целите за зачувување на околината. само во тој случај ќе можат сите резултати кои ќе ги остварува земјата во целост да се толкуваат како 100% позитивни“, вели универзитетскта професорка Шенај Хаџимустафа.

Сепак, анализирано во внатрешната структура на инвестиции може да се забележи дека само 48,8 милиони евра се инвестиран акционерски капитал и реинвестирана добивка, додека 54,2 милиони евра се заеми од странство на компаниите. Најмногу пари влегле во јануари, додека во април имало одлив. Најдобра година за странските инвестиции во земјава е 2007 кога влегле половина милијарда странски директни инвестиции.Доколку продложи овој тренд, извесно е дека тоа годинава може да се очекуваат двојно повеќе инвестиции за разлика од минатата година кога вкупното салдо на странски директни инвестиции за цела година изнесуваше 104,8 милиони евра. Сепак, останува недостижна 2011 година кога во земјава влегоа 336,8 милиони евра. Во Македонија од 1993-та година, односно за 20 години влегле нешто повече од 3,3 милијарди евра странски капитал. Бројка што се смета за поразителна, ако се има предвид дека по таа основа во најновиот извештај на ООН, Македонија од сите земји од регионот е посочена како најнеатрактивна за инвестирање. Странските директни инвестиции во Југоисточна Европа лани се намалени за 41%, а голем придонес за ова има и Македонија. Токму тоа го покажа последниот извештај на Агенцијата за трговија и развој на ОН. Според податоците од годишниот извештај на Конференцијата за развој на Обединети нации (УНЦТАД) Македонија е на последно место по странските инвестиции за 2012 година од земјите во регионот. Кампањите на владата да привлече странски инвестиции не и помогнаа да се одлепи од дното на списокот на земјите во регионот по бројката на странските инвестиции. Извештајот на Конференцијата на ООН за развој (UNCTAD) покажува дека на прво место во регионот според странски инвестиции е Хрватска во која во 2012 се вложени 1,25 милијарди долари, а на последно е Македонија во која истата година дошле 135 милиони долари или речиси десет пати помалку од странските директни инвестиции во Хрватска. По Хрватска е Албанија која во 2012 година успеала да привлече 957 милиони долари, а во споредба со Македонија не е лоша ниту Босна и Херцеговина со 633 милиона. Како успешна во рамките на регионот се вброи и Црна Гора со 609 милиона долара во 2012. Србија која до скоро и беше најак конкурент на Хрватска падна на листата со само 352 милиона долара директни странски инвестиции. Косово со 298 милиона долара е на 134 место на листата на UNCTAD на која Македонија може да се види дури на 153 позиција. Србија годинава очекува една милијарда евра инвестиции Cтранските инвеститори, во првото полугодие од годинава вложиле повеќе од половина милијарди евра, покажуваат податоците на тамошната Народна банка во Србија. Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот (SIEPA), Божидар Лаганин, вели дека, имајќи ги в предвид започнатите и очекуваните нови проекти, реално се очекува вкупната сума на странски директни инвестиции во Cрбија во текот на оваа година, да достигне над една милијарда евра.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?