Инвестирајте во вашиот секојдневен комфор со клима уред што навистина вреди
Објавено во: Мои пари 14 Јули, 2025 12:05
Изборот на клима уред денес е важна инвестиција, но не во поглед на цената на уредот. Во време на сè повисоки трошоци за енергија и зголемена свест за квалитетот на воздухот што го дишеме, овој избор станува далеку посложена и поважна одлука. Како да инвестирате во уред кој ќе обезбеди стабилна температура во текот на целата година, ќе троши помалку енергија и ќе придонесе за поздрава атмосфера? Има неколку клучни параметри што треба да ги земете предвид пред да вложите во уред што ќе ве служи со години.
Сè почесто, корисниците бараат уреди со напредна филтрација и јонизатори, тивко работење и smart контрола – и сето тоа станува стандард за уред што ќе го користите цела година, секој ден.
Голем број луѓе страдаат од алергии или се сензитивни на загадување. Клима уред со јонизатор, биофилтер или напреден систем за прочистување секогаш треба да е меѓу првите опции, особено во градска средина каде надворешниот воздух често е полн со штетни честички, алергени и непријатни мириси.
А дали климата може да биде и моќна и тивка? Да, ако ја изберете вистинската. Постои нова генерација клима уреди која докажува дека не мора да бирате помеѓу перформанси и удобност. Бучавата станува сè поголем „невидлив“ стрес фактор, особено во помали станови или канцеларии. Уредите со ниво на бучава под 25 dB овозможуваат непречено користење без да го нарушат сонот или концентрацијата.
WiFi контрола, апликации, сензори за автоматско прилагодување на температурата според вашиот амбиент и слични функции овозможуваат поудобно користење и дополнително штедат енергија.
Кога сме кај енергијата, енергетската класа на уредот е меѓу најважните параметри. Уредите со A++ или A+++ ознака ја намалуваат потрошувачката и трошоците на долг рок. Во брза споредба на цените на пазарот овие уреди може да ви делуваат како непотребно повисока инвестиција, но ако им дадете шанса ќе забележите дека инвестицијатави се враќа преку секоја месечнасметка.
Исто така, треба да имате на ум дека сите клима уреди не се подеднакво ефикасни во зима. Ако живеете во регион со студени зими како кај нас, важно е да бидете сигурни дека уредот ќе функционира стабилно и при температури далеку под нулата.
Во однос на стабилното функционирање на уредот, забележете ја гаранцијата што доаѓа со уредот, бидејќи покрај вашата безбедност, таа зборува и за довербата на производителот во својот уред.
Со оглед на сето ова, станува јасно дека изборот на клима уред денес бара внимателно разгледување на вредноста што ја добивате за цената што треба да ја платите.
Од можностите што ги нуди нашиот пазар, забележуваме еден модел кој го привлекува вниманието на оние што бараат сигурно и ефикасно решение за сите сезони, од енергетска ефикасност до технологија за прочистување и интелигентна контрола. VIVAX R+ Design ги спојува современиот дизајн и технологиите кои можат да го подобрат квалитетот на вашето секодневие.
Овој уред има енергетска A+++ при ладење и A++ при греење, за оптимално искористување на енергијата во сите сезони, работи тивко, со ниво на бучава од само 21 dB и стабилен е и сигурен при надворешни температури до -25°C. Доаѓа со голем број паметни функции, филтри и јонизатори за почист воздух во домот, со елегантен дизајн со можност за избор на боја и 5 години гаранција.
Ако сте во потрага по клима уред што ќе ве служи секој ден, тивко, штедливо и паметно, вреди да го имате на списокот.

Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




