ИНВЕСТИТОРИТЕ СЕ „ИСПОТЕПАЛЕ“ ДА КУПУВААТ АКЦИИ ОД КОМЕРЦИЈАЛНА - во февруари со таа хартија од вредност се свртеле над пет милиони евра
Објавено во: Финансии 05 Март, 2024
Во јануари беа нешто повеќе од два, веќе во февруари се над пет милиони евра.
Со акциите на Комерцијална банка се свртеле толку многу пари во февруари, најмалиот месец од годината.
Тоа значи дека за 29 дена колку што во оваа година имаше февруари, инвеститори купиле или продале акции на нашата најголема банка за сума од цели 5,1 милиони евра.
Со тоа всушност со акциите на Комерцијална банка е направен промет од повеќе од една третина од вкупниот промет кој во веруари бил направен на берзата на сума од помалку од 14 милиони евра.
Акцијата на Комерцијална банка е и втора акција која имала најголем месечен раст во февруари во однос на јануари, и тоа за 7,09 проценти, со тоа што нејзината просечна цена во февруари веќе ја пробила психолошката граница од 17 илјади денари, односно инесувала 17.010 денари.
Акцијата на Комерцијална банка која и онака растеше на Македонската берза, по најновите информации дека ќе се дели историски највисока дивиденда, продолжува да достигнува нови височини.
Како што веќе пишуваше Фактор, само во текот на еден ден,
односно на 23 февруари, голем број инвеститори нагрнале на купување на акцијата на Комерцијална банка, или била истргувана количина од 1.719 акции.
Односно, со акциите на Комерцијална банка се свртела сума на Берзата на редовното тргување само во тој ден од 474 илјади евра.
Претходно акции купија Горан Антевски, Илија Илоски и Билјана Максимовска.
Според официјалните намери кои банката ги објави на Берзата, дивидендатата на Комерциојална банка ќе биде 910 денари бруто по акција, или 819 денари нето, или 4,8 отсто до последната цена на Берзата.
Фактор објасни и зошто е очекувана оваа сума на дивиденда.
„Врз основа на член 48 од Статутот на Комерцијална банка АД Скопје, Собранието на Банката, на седницата одржана на 27.03.2024 година, донесе ОДЛУКА за определување на износот на дивиденда и датуми на исплата на дивиденда за 2023 година. Износот на дивиденда, согласно Предлог-одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2023 година, донесена од Надзорниот одбор на Банката на 20.02.2024 година, изнесува: - за една обична акција бруто-износ од 910 денари, односно 91 отсто во однос на номиналната вредност од 1.000 денари. За предложениот износ на дивидендата за 2023 година, акционерите ќе се известат преку Повикот за учество на Годишното собрание на акционери на Банката“, се вели во одна од предлок одлуките кои нќе треба да ги потврдат акцвионерите на Собранието што ќе се држи на крајот на март.
Датумот на евиденција според кој ќе се определи листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2023 година, е 11.04.2024 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2023 година е 08.04.2024 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2023 година е 09.04.2024 година. Исплатата на дивиденда за 2023 година ќе започне на 25.04.2024 година. Дивидендата за 2023 година ќе се исплатува во готово.
По направениот промет на втора позиција доаѓа акцијата на „Алкалоид“, со која е направен промет од 1,84 милиони евра, додека, пак, на трета позиција е акцијата на НЛБ Банка Скопје, од 1,05 милиони евра.Најголем раст има акцијата на УНИ Банка, која во февруари има раст од 12,15 проценти.
Билтенот на Берзата покажува дека во февруари вкупниот берзански промет пораснал за 89 проценти во однос на јануари и изнесувал околу 14 милиони евра.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.